Мизогинија со еден клик
Превод од германски јазик. Оргиналниот текст е достапен на следниот линк: Info Europa 2/2024 – “Navigieren durch die Datenflut” – IDM
Клеветата и говорот на омраза се широко распространети на социјалните мрежи. Маргинализираните групи се особено често погодени од нив. Мила Јосифовска Даниловска и Деспина Ковачевска известуваат за родово базиран говор на омраза на интернет во Северна Македонија.
На почетокот на 2024 година, судот во Битола ја донесе првата пресуда за говор на омраза против ЛГБТИ+ заедницата во Северна Македонија. Обвинетата беше прогласена за виновна за тешка дискриминација против лица од ЛГБТИ+ заедницата преку повеќекратни коментари на Фејсбук. Заедницата ја гледа оваа прва пресуда како успех во својата долготрајна борба против дискриминацијата. Сепак, правната состојба на говорот на омраза во Северна Македонија, особено онаа извршена на интернет и врз основа на родови карактеристики, останува неодредена.
Омразата преку социјалните мрежи погодува многу луѓе, особено оние во очите на јавноста, без разлика дали се политичари/ки, новинари/ки или инфлуенсери/ки. Иако Советот на Европа и Обединетите нации поставија рамка за борба против говорот на омраза ширум светот, општа дефиниција за овој феномен сè уште недостасува. Затоа, различни земји различно се справуваат со омразата на интернет: САД го нагласуваат уставното право на слобода на изразување, додека Европа презема посилни мерки против говорот на омраза додека истовремено ја штити слободата на говорот.
Жените како мета на омраза на интернет
Жените се особено честа мета на родова омраза преку интернет. Фондацијата Метаморфозис ги истражи врските помеѓу родот и говорот на омраза на интернет како и справувањето на властите со овие инциденти во Северна Македонија. Родово базираниот говор на омраза на онлајн платформите е особено насочен против новинарките, активистките и политичарките. Но, дури и во живо, жените на јавни функции се изложени на лавина од пцовки, закани, навреди и клевети. На овој начин, на политичките личности како градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и тогашната министерка за одбрана Славјанка Петровска им се ускратува нивниот авторитет и легитимитет. Новинарките поради нивното известување исто така често се жртви на омраза. Тања Милевска, која работи како дописник од Брисел за македонската новинска агенција МИА, ја погоди бура од навреди затоа што ја критикуваше владата. Мирослава Брнс, која моментално пишува за Слободен печат, беше клеветена поради написот во кој ги разоткри прекршувањата на новинарскиот кодекс. И членки на академската заедница како Катерина Колозова и инфлуенсерките како Миа Костова не се поштедени од говор на омраза.
Иако нивните јавни изјави предизвикуваат последователни напади, омразата кон овие жени обично не се базира на нивните изјави, туку на нивниот изглед. Срамот за телото, расизмот и мизогинијата ја демонстрираат сложената интерсекционалност на говорот на омраза против жените на интернет. Спротивно на тоа, нападите врз мажите се поврзани со нивната интелигенција или промискуитет. Фејсбук се покажува како главна платформа за онлајн говор на омраза бидејќи е и најкористената социјална мрежа во Северна Македонија.
Говорот на омраза на интернет често поминува неказнето
Mакедонскиот Устав недвосмислено декларира рамноправност на граѓаните во однос на нивните слободи и права, без разлика на пол, етничка припадност, националност, политичко или верско уверување, имотна или општествена положба. Додека традиционалните медиуми подлежат на јасна правна рамка, многу онлајн портали работат надвор од официјален надзор. Кривичниот законик и Законот за медиуми не содржат експлицитни одредби за говор на омраза на интернет, но членот 394 (г) од Кривичниот законик го криминализира ширењето на расистичка и ксенофобна содржина преку компјутерските системи. Сепак, недостигот на јасен запис во законодавството ја отежнува борбата против онлајн формите на говор на омраза и дискриминација.
Попустливиот однос на судството се одразува и во фактот што условните казни се вообичаени во судските постапки во врска со говорот на омраза на интернет. Анализата на судските пресуди повикувајќи се на член 394(г) покажува дека случаите на злоупотреба на интернет често се поврзани со политичката припадност на жртвата, особено меѓу јавните службеници/чки. Дополнително, говорот на омраза врз основа на личниот или социјален статус е широко распространет. Некои случаи вклучуваат говор на омраза врз основа на религија, етничка припадност и возраст. Сепак, тогашната анализа покажа дека нема пресуди за говорот на омраза врз основа на пол или родов идентитет.
Нецелосната дефиниција на говорот на омраза и несоодветното регулирање на онлајн медиумите го влошуваат проблемот и честопати дозволуваат сторителите да се извлечат неказнето. Засегнатите ретко ги пријавуваат овие инциденти. Анкетата на 103 испитаници покажува дека 65% биле жртви на говор на омраза или познаваат некого кој бил, но само 40% ги пријавиле инцидентите на државните институции или социјалните мрежи. Резултатите од пријавите се движеа од никакво дејство до отстранување на пораките и блокирање на пристапот до платформата за сторителите. Испитаниците го наведоа скептицизмот за ефективноста, ниската доверба во институционалните механизми и стравот од полициска корупција како причини за непријавување на инцидентите. Дополнително, дел признаа дека не знаат каде и како да ги пријават инцидентите. Овој јаз во комуникацијата ја нагласува потребата за поефективно ширење на информациите преку достапните ресурси и каналите за известување за ефикасна борба против говорот на омраза на интернет.
Како дел од нашето истражување, прашувавме и адвокатски канцеларии и граѓански организации за зачестеноста на барање правна помош во случаите со говор на омраза на интернет. 42% од адвокатските канцеларии и две третини од граѓанските организации кои нудат бесплатна правна помош рекле дека никогаш не им била побарана помош во такви случаи. Најчесто помош во такви случаи во Скопје бараат вработени жени во возраст од 30 до 55 години.
Да се подигне јавната свест
Граѓанските организации се особено оние кои бараат кривична одговорност за онлајн сторителите и поголема административна контрола на платформите на социјалните медиуми. Тие исто така ги посочуваат предизвиците што ги носат лажните профили и ја нагласуваат потребата од кампањи за подигање на јавната свест. Сите овие напори за подигнување на свеста мора да ја земат предвид и родовата перспектива на говорот на омраза на интернет. За време на истражувањето, платформата за говор на омраза на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права покажуваше највисоко ниво на пријавени случаи во 2020 година. Особено за време на пандемијата COVID-19, говорот на омраза на интернет и пријавените случаи нагло се зголемија во Северна Македонија – исто така поради зголемувањето на активностите на интернет поврзано со пандемијата, зголемената дигитална поларизација и ниската дигитална писменост кај населението. Во годините потоа се бележи пад, бидејќи корисниците можеби се самоцензурираа за да избегнат контрареакции. Говорот на омраза насочен против ЛГБТИ+ заедницата, сепак, зачестува на настани како што е Парадата на гордоста.
Во Северна Македонија, родово базираниот онлајн говор на омраза често ги влошува постојните предизвици за жените. Особено во патријархалните општества како Балканот, родово базираната омраза кон жените често се банализира. Во октомври 2022 година, Европската комисија посочи дека Северна Македонија треба да го подобри спроведеувањето на законите поврзани со говор на омраза и националниот акционен план кон спроведување на Истанбулската конвенција против насилството врз жените. Комисијата ги идентификуваше онлајн медиумските платформи како главен извор на дезинформации и говор на омраза. На крајот, Извештајот препорача кампањи за подигање на свеста кај засегнатите страни и јавноста.
Да се креираат правни основи
Во меѓувреме Кривичниот законик исто така претрпе измени. Од 2023 година нападите врз новинари/ки се казнуваат на сличен начин како и инцидентите против државни службеници/чки или адвокати/ки, за кои е предвидена затворска казна. Дополнително, проширен е опсегот на причини кои можат да ги направат луѓето жртви на криминал – онлајн или во реалниот живот. Тие сега ги вклучуваат и категориите пол, сексуална ориентација и родов идентитет. Сепак, справувањето со овие предизвици продолжува да бара подобрувања на правната инфраструктура и механизмите за одговорност за онлајн платформите. Овозможувањето на жртвите да пријават инциденти и промовирањето на културата на дигитална одговорност се клучни чекори за борба против омразата на интернет. Непреземањето мерки не само што резултира со понатамошна штета на поединците, туку ја поткопува и довербата во дигиталните простори.
„Говорот на омраза“ вклучува навредливи изјави кои поттикнуваат дискриминација и насилство и особено ги погодуваат маргинализираните лица. Родово базираниот говор на омраза е насочен против луѓето врз основа на нивната родова определба и вообичаено е мизогинистички или сексистички.
Дополнителна литература »The rise of hate online: Hate Speech in cyber space targeted at women in North Macedonia«, Mila Josifovska Danilovska, Vesna Radinovska & Despina Kovačevska, во ONLINE ACTIONS, OFFLINE HARMS: Case studies on Gender and Cybersecurity in the Western Balkans Cybersecurity Research Network, 2023.
Сподели:
Останати блог текстови
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]
Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано
03.12.2024
Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]
Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
07.11.2024
Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]
Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори
30.10.2024
Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]
Истражување на Метаморфозис: Колку повеќе државни пари за порталите од една коалиција, толку помала непристрасност
30.10.2024
Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи, се вели во истражувањето на […]