Отворени податоци – кога понудата и побарувачката ќе се сретнат на половина пат
Концептот на отворени податоци се темели на принципот на отворен пристап, служење на јавното добро преку оспособување на граѓаните, зајакнување на бизнисите и информирање за социјалниот развој. Во Северна Македонија концептот на отворени податоци беше воведен и промовиран со членството на земјата во Отвореното владино партнерство во 2011 година. Следствено, во 2014 година беше донесен Законот за употреба на податоците од јавниот сектор. Сепак, покрај обезбедувањето правна основа за отворените податоци, напредокот е многу бавен. Институциите се борат да ги објават и ажурираат податоците со кои работат и граѓаните сè уште не можат да го забележат големиот потенцијал што овие податоци можат да го донесат.
Се вели дека податоците се фосилното гориво на иднината, а оваа констатација може да ја потврдат бројни примери на економски и социјален развој. Бидејќи сè повеќе ја препознаваме вредноста на податоците, генерациска должност е да се забрза нивното објавување, како и да се зголеми свеста за нивната вредност. Фондацијата Метаморфозис е силно посветена да ги поддржи институциите во Северна Македонија да развијат инфраструктура/ресурси за да можат да продолжат со собирање и објавување податоци во стандардизирани формати за да се овозможи слободна употреба и ре-употреба, водена од Стратегијата за отворени податоци – што всушност е и ‘рбетот на процесот. Покрај практичното обучување на институциите за објавување на нивните збирки на податоци и организацијата на хакатони за да се забрза побарувачката и користењето на податоците, Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, го поддржува усогласувањето на македонскиот закон со Директивата на ЕУ за отворени податоци и повторната употреба на информациите од јавниот сектор за да се направат процесите на отворени податоци во земјата поамбициозни.
Седумнаесеттото издание на конференцијата е-Општество.мк, кое започнува на 30 ноември, ќе понуди простор за учесниците да истражуваат за можностите и предизвиците со кои се соочува демократијата во дигиталната ера, со тоа што ќе посвети значително внимание на улогата и вредноста на податоците. На сесијата Отворени податоци: кога понудата и побарувачката ќе се сретнат на половина пат, застапниците и практичарите на каузата ќе ги претстават своите ставови за тоа како да се унапредат отворените податоци во Западен Балкан. Меѓу говорниците ќе биде Ирена Бојаџиевска, водечки експерт за усогласување на соодветното македонско право со Директивата 2019/1024, заедно со Делвина Хаџијаха од Отворени податоци Косово, Лазар Поп Иванов од Програмата за развој на Обединетите нации и Нада Ракочевиќ од Стопанската комора на Црна Гора. Сите говорници континуирано придонесуваат за подобрување на екосистемот за отворени податоци во нивните земји и пошироко, а сесијата ветува инспиративен амбиент за учење од сопствените искуства.
Повеќе информации за конференцијата и регистрацијата се достапни на следниот линк: https://e-society.mk/
„Конференцијата е-Општество.мк е организирана од Фондација Метаморфозис во синергија со проектите „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ ко-финансран од Европската Унија, „Проверка на фактите за напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ” финансиран од Национален фон за демократија, и „Брз одговор на дезинформации за вакцините” финансиран од Балкански фонд за демократија. Ставовите изразени за време на конференцијата не ги одразуваат ставовите на донашорите.“
Сподели:
Останати блог текстови
Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите
23.04.2025
Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]
Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно
16.04.2025
Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]
Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано
03.12.2024
Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]
Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
07.11.2024
Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]