Поглед одблизу на владите кои употребуваат Вештачка интелигенција (ВИ)

Photo by Markus Winkler

Unsplash / Markus Winkler

Кој би замислил пред 30 години дека луѓето – дури и повозрасните лица или оние кои немаат никакво знаење за компјутерите – ќе гласаат преку ова чудно ново нешто наречено Интернет? Гласањето на Интернет е веќе пракса во Естонија повеќе од една деценија. За триесет години од сега, денешните владини практики веројатно би изгледале архаични, дури и праисториски. Што можеме да очекуваме од идните влади во следните години, имајќи ги предвид технологиите за вештачка интелигенција (ВИ) и она што веќе се подготвува?

Минатиот септември мрежата ICEDA имаше можност да научи за чудото на естонската дигитална држава директно од оние кои се во првите редови на уметноста и практиката на дигиталната влада, експериментирајќи смело во насоки кои честопати се сè уште незамисливи за остатокот од светот. Шампионите ги споделуваа своите искуства, стратегии и совети. Оваа мала и многу иновативна балтичка земја измисли и спроведе нешто како блокчејн (blockchain) дури и пред да биде измислен Биткоин, дистрибуирана технологија на база на податоци што е една од главните состојки на славната е-Естонија. Една мисла што произлезе од дискусијата со учесниците е следнава: „Луѓето не сакаат да комуницираат со владата, би било идеално да се елиминира тој контакт!“ Според лично искуство, луѓето се вознемирени секој пат кога треба да комуницираат со вработените во јавната администрација за да добијат официјален печат на документ. Тоа не е само чекање во редови и залудно потрошени утра, туку и фактот дека сето ова не е потребно. Во совршен свет, луѓето би добивале јавни услуги од удобноста на своите домови со еден клик направен во милисекунди и би ја претпочитале оваа опција отколку традиционалната. Понатаму, генерациите родени во дигиталниот свет имаат различни очекувања од кој било старомоден систем на бирократија. Што би очекувале – и што би барале – од владата и јавната администрација во 2050 година?

Неодамнешниот напредок во дигиталните технологии и нивната широка употреба во нашето секојдневие го прават светот многу поинакво место. Брзината на трансформација, и изреката „софтверот го јаде светот“, се продлабочува и се зголемува. Овој напис ќе се фокусира на употребата на ВИ во владините и јавните услуги.

 

Основи на ВИ технологии

   Unsplash / Franki Chamaki

Unsplash / Franki Chamaki

Сè уште сме далеку од фантазијата во која машинската интелигенција ја надминува човечката интелигенција во сите области, но често не сфаќаме дека различните ВИ системи се веќе на дофат на раката и се присутни во нашот живот, како и дека не можеме да го замислиме животот без нив дури и денес.

Кога „гугламе“, системот е паметен да ја прочита нашата намера и да ни го даде она што ни треба во секундата. Кога користиме „Гугл мапи“, алгоритмот за пребарување е доволно паметен за да ни обезбеди оптимална рута. Не ги гледаме, ниту ги познаваме безбројните параметри што се анализираат во позадина. Тоа е ВИ. Еден куп точки на податоци и напредни алгоритми кои користат тон податоци за решавање на одреден проблем, од победа во шаховска игра до пружање помош за беспрекорно да се движиме по мрежата и улиците на градот во кој се наоѓаме.

Да зборуваме за шахот, каде што машина, т.е. компјутерска програма, може да ја тестира ефективноста на илјадници следни потези додека вие размислувате која фигура да ја поместите и лесно да ги победите најдобрите шахисти во светот. Deep Blue AI на IBM го „прегази“ Гери Каспаров во 1997 година. Многу тесна, но спектакуларна интелигенција.

ВИ е и во нашите телефони. Како инаку, нашите ноќни фотографии би можеле да бидат толку убави? Алгоритмите ги прават поубави. Како инаку телефонот може да „гледа“ многу подобро од нашите очи? Новите паметни телефони доаѓаат со алгоритми во камерата што ги прават нашите фотографии подобри од кога било досега. Тие препознаваат лица, нашата локација или положбата на сонцето, затоа не треба рачно да ги прилагодуваме поставките. Можеме да зборуваме и со нашите телефони и компјутери. Корисниците на Iphone зборуваат со Siri, додека сите корисници на Android ги користат говорните дигитални асистенти на Google. Можете исто така да разговарате и со Alexa на Amazon. Таа е домашен асистент што можете да го прашате какво ќе биде времето следниот четврток. Ова се нарекува препознавање на говор. Може да разговараме и со ВИ системи. Техниката се нарекува обработка на природен јазик, а во овој случај компјутерите го разбираат природниот јазик.

ВИ е присутна и во игрите, каде ги контролира агентите со кои се бориме. Таа е присутна и во финансиите, каде што може да ја оцени нашата кредитоспособност за неколку минути. Во Кина, што се чини дека е пред Западот со оваа технологија, мобилните банки на Кина даваат одлуки за заем за 1 секунда. Не само што ВИ го направи процесот молскавично брз, туку исто така им овозможи на обичните луѓе и сопствениците на мали бизниси да добијат пристап до банкарството што порано беше многу потешко, па дури и невозможно.

ВИ е „дигитален ѕвер“. Кога наидува на физичка реалност, прво ја дигитализира. „Компјутерската визија е поле на ВИ што ги обучува компјутерите да го толкуваат и разбираат визуелниот свет“. Камерите на улица прво снимаат што се случува, идентификуваат и класифицираат предмети во видеото, а потоа, да речеме, препознаваат луѓе во него со помош на технологија за препознавање на лице. Алгоритмот ги поминува сите постојнит бази на податоци на лица и ги препознава идентитетите преку совпаѓање. Ова е потенцијално одлично за јавната безбедност, но исто така е многу проблематично за приватноста и контролата. Истата технологија ги придвижува продавниците од иднината, како во видеата на Amazon Go.

Едно од следните големи нешта се автономни, „самоуправувачки“ автомобили (автомобили што возат без човек зад воланот). Додека сè уште целосно не сме стигнале таму – градски возења без никаква човечка интервенција – многу експерти се согласуваат дека тоа ќе се случи во следните неколку години. Тоа е ВИ, и тоа ќе биде најголемата промена во историјата на транспортот. Можеме лесно да си замислиме робо такси, нешто што Елон Маск и Тесла веќе го ветуваат; Купувате автомобил и го изнајмувате како робо такси кога не го возите и заработувате додека спиете.

АИ е (веќе) насекаде. Некои дури ја нарекуваат новата електрична енергија токму поради тоа. Додека е вештачка по природа, може да се дебатира дека ВИ системите се – кога се дизајнирани правилно, користејќи таканаречен „дизајн насочен кон човекот“ – исто така многу човечки. Нивната цел, меѓу другото, е да ги ослободат луѓето од непотребни повторливи и здодевни задачи и да го зајакнат човечкиот потенцијал.

ВИ веќе е присутна во владите во многу форми, во позадина, дури и во не толку дигитално напредните општества и влади, како оние во регионот на Балканот.

Еден од примерите на тесна интелигенција би бил тековниот процес на вакцинација во Србија. Го внесувате вашето име, број на лична карта и префериран град, а едноставен алгоритам ви го дава првиот достапен датум и ве поврзува со локацијата за вакцинација и потоа ја автоматизира комуникацијата со медицинските установи и медицинскиот персонал. Слични напори се направени и во други земји во регионот, како што е Северна Македонија, но тие не се толку автоматизирани.

Паметна употреба на алгоритми во владите од Западен Балкан може да се забележи во системите за јавни е-набавки, професионално советување и советување за кариера, дигитално управување со внатрешни процеси и процедури, откривање даночни измами, итн. Елементи на ВИ може да се најдат и во судството. Во Северна Македонија, од 2010 година се користи Информациски систем за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС), заменувајќи ја рачната распределба на предметите. Нејговата база на податоци се наоѓа во Врховниот суд и пристап до неа можат да имаат членовите на Судскиот совет и претседателите на Основните судови. Бидејќи имало многу случаи во минатото кога неговата употреба била занемарена, во Извештајот на Европската комисија за 2020 година, една од главните препораки за Судството и основните права (Поглавје 23) во 2021 година е да се подобри овој систем за да се обезбеди негова целосна функционалност и сигурност.

Публикациите „алГОВритми – Моментали трендови“ и „алГОВритми 2.0 – Моментални трендови“ наведуваат некои од примерите за автоматизирано донесување одлуки во Србија, Северна Македонија и Косово и презентираат препораки за политиките за носителите на одлуки да го направат тоа подобро, потранспарентно и поправедно.

 

Што всушност претставува владата?

Како и секоја друга организација, владата е група на луѓе т.е. системот што управува со држава или заедница. Тие вршат бројни мали задачи секој ден, следејќи ги утврдените и добро дефинирани правила и процедури, со намера да им служат на јавноста и на граѓаните.

Веројатно би можеле да кажеме дека таа е составена од најмалку два дела. Првиот дел (носителите на одлуки, јавните службеници) е политички, во кој се донесуваат одлуки, стратегии и политики, додека вториот е повеќе технички, професионален дел. Вториот дел (државните службеници) е оној „оперативниот“ дел – тие ги идентификуваат, следат, комуницираат барања и одобренија, управуваат со ресурси, прават пресметки, даваат дозволи, итн. Ако го погледнеме подлабоко овој дел, веројатно ќе сфатиме дека многу од задачите направени во рамките на владата и јавниот сектор се повторливи и логични чекори.

Дали, на пример некој Филип, плати данок? Ако не, кога треба да биде известен? Колку треба да плати? Која порака треба да му се испрати и какво упатство? Сите овие информации постојат во различни системи и бази на податоци. Ако сите податоци беа дигитални и меѓусебно поврзани, компјутерскиот систем засилен со моќни алгоритми може да автоматизира големи делови од ваквите процеси. Регистририрање автомобил, докажување на сопственост, основање компанија или нотарско заверување на важни документи – многу од тие функции можат да бидат автоматизирани и да бидат предадени во надлежност на компјутерите. Со мала помош од напредни алгоритми, владите и граѓаните можат да заштедат толку многу часови и да го поминат своето драгоцено време во правење поважни работи.

 

Што се случува кога ќе примениме ВИ технологии во работењето на владата и јавниот сектор?

Зошто да собераме или делиме големи броеви на рака и на парче хартија, кога имаме калкулатор? Ова е веројатно соодветната аналогија за многу потенцијални случаи.

Земјите од Западен Балкан не се дел од ЕУ, нешто што носи многу различни реперкусии. Една од нив е како ние ги поминуваме границите на аеродромите. Иако можеме слободно да се движиме благодарение на „Белиот Шенген“, сепак чекаме подолги редови на аеродромот. На некои аеродроми, граѓаните на ЕУ можат само да поминат покажувајќи ги своите пасоши на машината и гледајќи во камерата. Како е можно ова? Постои заедничка база на податоци за лица и алгоритми напојувана од технологија за препознавање на лице. Компјутерските системи го препознаваат вашето лице и се паметни да можат да ги прочитаат патните исправи, па можете само да продолжите да одите. „Voila!“ Границите може да бидат крајно фрустрирачки, па замислете како решенија како оваа може да ги минимизираат непотребните човечки „страдања“.

Што е со некои други примери на употреба на ВИ во владиниот и јавниот сектор? Да се вратиме на Естонија, каде што целта на владата е да овозможи искуство со „нула бирократија“. Како Естонија користи ВИ во давањето јавни услуги?

Една од навистина „кул“ работите што наскоро ќе ги откријат се ВИ гласовните асистенти на #KrattAI. Наскоро, естонските граѓани ќе можат да регистрираат компании преку разговор со нивните телефони кои ќе го разбираат човечкиот јазик и ќе бидат опремени за беспрекорно да можат да го водат целиот процес на регистрација.

ВИ може да им помогне и на невработените лица. Во една ВИ апликација, системот за машинско учење ги поврзува неодамна невработените лица со вработени врз основа на нивните вештини. Резимеата се внесуваат во систем што ги поврзува нивните вештини со потенцијалните работодавци. Компјутерските системи за поврзување направија подобрување: 72 проценти од работниците кои добиле работа преку системот сѐ уште се на работа по шест месеци, во споредба со 58 проценти пред системот да биде пуштен во употреба.

Постои и уште еден многу интересен пример со користење на сателитски снимки и техника за длабоко учење. Сателитите на Европската вселенска агенција се користат за проверка на земјоделците кои добиваат владини субвенции за да ги исечат полињата со сено наместо да се прави теренски (физички) преглед. Алгоритмите за длабоко учење ги анализираат пикселите на фотографиите за да утврдат што се случува на теренот, без потреба од редовни посети на инспекција. Овој систем заштеди 665,000 € од јавните пари во првата година од употреба. Повеќе за тоа како функционираат системите, можете да дознаете овде.

Ајде да појдеме во другиот дел на светот, во Кина, Азија.

Еден од интересните концепти што треба да се забележи е зголемената интелигенција (augmented intelligence). Накратко кажано, се работи за соработка помеѓу човекот и машината, каде машинската интелигенција ги води и ги подобрува одлуките на човекот.

Шенжен, Кина, е еден од главните технолошки градови во светот. Градот соработуваше со многу приватни компании за поставување сензори и паметни камери насекаде. Јавниот превоз никогаш не доцни и сè е речиси совршено оптимизирано преку употреба на компјутерски алгоритми.

  "Smart city brain" of LOC in Shenzhen

„Паметен градски мозок“ на LOC во Шенжен

Податоците се рационализираат и анализираат од голем вештачки „Градски мозок“. Потоа, сето ова е визуелизирано на начин пријателски насторен кон човекот, така што државните службеници можат да ја користат оваа суперсила за да ја надгледуваат целата релевантна динамика преку фрлање поглед. Буквално не постои начин како човек да ја направи целата таа математика. Машините го прават тоа во милисекунди. Оптимизацијата и перформансите се на максимум. Направени се многу добри истражувања за ВИ во Кина, а голем дел од нив упатуваат загриженост за надзорот и контролата.

Дел од кинеската технологија за препознавање лице се користи и во Белград, Србија. Иако преку ваквата технологија се ветува јавната безбедност, доколку таа се спроведе без соодветни правила преку кои би се штитела приватноста, таа може да биде опасна. Едно истражување го анализира овој систем и неговите потенцијални опасности во Србија. Во другите земји од Западен Балкан, овие системи сега за сега, не се во функција.

Имаме да изодиме долг пат до кој било од системите накратко претставени погоре, исполнети со храбри идеи, милион тестирања и експериментирања, безбедносни ревизии, проценки на влијанијата, истражување на потенцијални пристрасности, иницијативи и промени во политиките и подобрувања на регулаторната и правната средина.

За сите АИ системи потребни се голем број квалитетни, дигитализирани и машински обработливи податоци. Поставувањето на ова трае со години. Високо квалитетни јавно-приватни партнерства се неопходни затоа што најнапредните вештини и најсовремените технологии ги градат приватни компании. Сите примери за употреба на ВИ во јавниот сектор се дизајнирани и имплементирани во некакво јавно-приватно партнерство. Се разбира, ништо важно и големо не може да се случи без знаење, вештини и отвореност на носителите на одлуки. Да не ги спомнуваме законските барања, безбедносните проблеми и прашањата за отчетност. Тоа е долг, стратешки, одлучувачки и сеопфатен тек на дејствување.

 

Дивата и автоматизирана иднина е дефинитивно пред нас

„Иновациите“ и „дигитализацијата“ се клучни зборови во повеќето влади во светот, а таканаречениот пазар „GovTech“ цвета. Пазарот #GovTech (Гартнер) вреден 400 милијарди долари е полн со старт-ап и други компании кои изработуваат технолошки решенија за владите, подобрувајќи многу аспекти во нинвата работа. Некои проценки велат дека вредноста на овој пазар ќе достигне трилион долари до 2025 година. Кога нешто е толку големо на пазарот, тоа значи дека околу него постои цел екосистем од претприемачи, инвеститори, академски институции, експерти, па дури и специфични медиуми. Многу засегнати страни се залагаат за промена. Ова значи дека иновациите не доаѓаат само од владата, туку се скоро секојдневна појава создадена од технолошките иноватори од целиот свет.

Наместо закчлучок ќе понудиме два релевантни трендови за размислување. Важно е да разбереме во која насока се движи светот, бидејќи во секој случај ќе се промени. Овие трендови, исто така, претставуваат големи можности за да се подобриме во начинот на правење на работите, вклучително и начинот на кој владите им служат на потребите на граѓаните.

Технологијата се развива со исклучително брзо темпо. Има толку многу пари во технолошката индустрија, бидејќи секој го разбира потенцијалот на пазарот и влијанието на истиот. Сите најсилни компании во светот во моментов се технолошки компании и тоа веројатно нема никогаш.

Навиките на потрошувачите и побарувачката на потрошувачите исто така се менуваат. Ако употребата на ВИ е можна во нашите секојдневни животи, зошто тоа не е можно и во владата? Граѓаните се потрошувачи на државни услуги и тие можат и треба да бараат подобри услуги. Ако можете да регистрирате нова компанија во Естонија преку Интернет за неколку минути, па дури и да гласате преку Интернет, зошто тоа не се случува и на друго место?

Имајќи ги предвид само овие два тренда, можеме да очекуваме многу забавно и радикално подобрување на начинот на работа на владите во следните години и децении. Само што започнавме. И додека многу од примерите што накратко ги споменавме погоре, може да изгледаат футуристички за земјите од регионот на Западен Балкан, многу локални иноватори веќе размислуваат за нив. Секторот за ИТ технологија, кој е еден од најсилните и најживите делови на економијата во регионот на Западен Балкан, може да игра огромна улога во претстојната трансформација. Многу меѓународни организации, исто така, финансираат, негуваат и водат владина трансформација и иновации во регионот. Европската унија и ICEDA мрежата се само мал дел во големата загатка за подобра, дигитализирана иднина каде сите нешта се попаметни, поевтини, полесни и пријателски настроен кон животот.

Сподели:

29349
meta tim sliki-02.jpg

ICEDA

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]