Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите

Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за работата на институциите.

Овие препораки доаѓаат во време кога се објавени нацрт-измени на Законот, со кои дополнително се олеснува процедурата за добивање информации и кратење на роковите за одговор.

Но, ДКСК излезе со препораки, со кои практично се отвора патот за затворање на институциите, чин кој потсетува на работата на постарите состави на Антикорупциската комисија, кои не покажаа интегритет и функционираа на линија со власта.

Една од препораките на ДКСК е да се преиспита обврската да се објавува целокупната документација за јавните набавки, бидејќи поимот не бил прецизно дефиниран, можело да се објават доверливи информации и да им се повредат правата на трети лица. Сметаат дека нема прецизни критериуми за тоа кои информации, институциите треба задолжително да ги објавуваат на веб-страниците.

Освен тоа, препорачуваат да се уреди постапката за престанок на функцијата и разрешувањето на директорот и неговиот заменик на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, пред истекот на мандатот.

Ваквите препораки наидоа на брзи и остри критики од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Тие стравуваат дека, наместо унапредување на транспарентноста, овие препораки може да доведат до институционален молк. Укажаа дека препораките може да ги затворат институциите, бидејќи ги задушуваат правните канали преку кои јавноста има право да бара и да добива одговори.

За тоа што овие препораки значат за транспарентноста, разговаравме со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“, која е дел од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

БИРН: Вие долго и темелно го следите Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и неговите измени, а вклучени сте и во работната група за новите предложени измени. Како го толкувате тоа што Антикорупциската комисија одлучи да го анализира токму овој закон, кој важи за еден од најусогласените со европското законодавство?

Даниловска-Бајдевска: Македонскиот Закон за слободен пристап до информации од 2019 година е високо рангиран, на 13-то место, на Глобалниот индекс на рангирање на законите со кои се уредува пристапот до информациите од јавен карактер. Истото важеше и за Законот од 2006 година, кој беше на ранг-листата во светот на 26-то место, што значи дека почива на меѓународните принципи за остварување на пристапот до информациите. Односно, правото е уредено со почитување на принципите на ‘максимално објавување’ (значи дека информациите до кои треба да се обезбеди пристап се однесува на сите информации што ги поседуваат државните институции), ‘проактивна транспарентност’ (објавување информации без да бидат побарани), ‘ограничена листа на исклучоци’ (при ограничување на пристапот да постои задолжителен тест за проверка на штетноста или тест за јавниот интерес), ‘активна промоција на отворена власт’, ‘бесплатен пристап до информации’, ‘остварување на правото во постапка со куси рокови’ итн.

Овие принципи не се само формални – тие играат клучна улога во зголемувањето на транспарентноста, борбата против корупцијата и градењето доверба во институциите. Благодарение на нив, граѓанските организации, новинарите и јавноста имаат пристап до информации што помогнале во откривање и спречување на злоупотреби, особено во процесите на јавни набавки. Идејата на ДКСК да прави антикорупциска проверка, а го предвидела во Годишниот план за 2024 година, била со цел да се препорачаат мерки за унапредување на транспарентноста при вработувањата во јавниот сектор.

Но, од она што беше презентирано на јавната седница на ДКСК, проверката не е во таа насока, а посебно ме загрижува препораката за преиспитување на терминот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки. Потоа, воведување критериуми за начинот и формата на објавување на информациите е уште една препорака од ДКСК, која може да ја загрози веќе воспоставената транспарентност. Да укажам дека без овие препораки што ги дава ДКСК, на минатогодишното мерење на регионалниот Индекс на отвореност (2024 г.) на „Метаморфозис“, најдобри резултати меѓу владите во регионот постигнала Владата на Северна Македонија.

БИРН: Што би значело за јавноста ако се усвојат вакви измени какви што препорачуваат ДКСК?

Даниловска-Бајдевска: Опасноста ја гледам во прекумерно, своеволно и неоправдано ограничување на пристапот до информациите во јавните набавки. ДКСК требало да земе предвид дека заштитата на доверливите податоци во јавните набавки веќе е регулирана во Законот за јавни набавки (член 30), а ограничен пристап до различните степени на класифицирани информации е веќе предвидено во Законот за слободен пристап, во согласност со Законот за класифицирани информации.

Насоката што ја дава отвора можности за ограничување на пристапот до која било информација, а досегашната примена на оваа одредба овозможила зголемена транспарентност и пристап до релевантни документи од страна на граѓанските организации и медиуми, со што беа обелоденети сторени злоупотреби во голем број тендерски постапки за кои се водат судски постапки, но и се спречени можни коруптивни и штетни јавни набавки.

БИРН: Во февруари годинава, владејачката ВМРО-ДПМНЕ предложи директорот на агенцијата за пристап да може да се разреши доколку собранието не го усвои годишниот извештај за работа. Партијата потоа го повлече тој предлог. Сега ДКСК излегува со идентичен предлог. Како го толкувате ова?

Даниловска-Бајдевска: Сметам дека со вакви препораки, какви што презентираше ДКСК при антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап, не само што не го унапредува системот за спречување корупција, туку ризикува да даде легитимитет за политики и практики што водат кон заробување на институциите и недостапност на информациите од јавен интерес, кои во моментов се информации од јавен карактер.

Да се прави антикорупциска проверка на Закон, кој по дефиниција постои да овозможи пристап до сите информации од државните институции, и да се дадат препораки за одредби со кои ќе се уназади независноста на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап е алармантно и контрадикторно. Директорот на Агенцијата, па и претседателот и членовите на самата ДКСК имаат мандат подолг од мандатот на избраните функционери во извршната власт, со цел да бидат независни. Затоа, аргументот да се избегне „евентуално одолжување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата“ е неоснован. Законот веќе го адресира ова прашање на тој начин што во случај на престанок на функцијата или разрешување на директорот на Агенцијата, до изборот на нов директор на Агенцијата, функцијата ја врши заменикот на директорот, со сите овластувања што ги имал.

Така што, со вакви препораки, самата ДКСК си ја поткопува улогата на клучна институција за спречување на корупцијата.

Линк до оргиналниот текст: Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите – Призма

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Препораките

на

ДКСК

водат

кон

заробување

на

институциите

Останати блог текстови

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

16.04.2025

Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]

Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано

03.12.2024

Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]

Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа

07.11.2024

Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]

Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори

30.10.2024

Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]