Приватноста е човеково право – Заштита на личните податоци во Западен Балкан

Целта на заштитата на личните податоци е да се обезбеди заштита на приватноста и другите човекови права и основни слободи при собирање, обработка и користење на лични податоци. Ова човеково право е регулирано со правната рамка во земјите од Западен Балкан, но неодамна доби нова перспектива кога законите почнаа да се прилагодуваат на Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR). Овој процес на адаптација сè уште не е финализиран, и додека некои земји се во процес на прилагодување на нивните закони кон GDPR, други се веќе во процес на имплементација. Нормално, имплементацијата носи и предизвици, главно поради многуте превиди во однос на капацитетите на институциите, локалниот контекст итн.

Извор: pch.vector на Freepik

 

Правната рамка поврзана со приватноста во регионот на Западен Балкан

Заштитата на личните податоци во Србија е регулирана со Уставот на Република Србија, како и со главниот закон на оваа тема – Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), чија примена започна во август 2019 година. Овој закон, по моделот на GDPR и Директивата за спроведување на законот, ги регулира општите правила за обработка и заштита на личните податоци. Тоа се однесува и на обработката на личните податоци во одредени сектори (на пример, во безбедносниот сектор, за време на спроведување на кривични истраги, во областите на образованието, социјалната заштита, телекомуникациите, работните односи, односите со потрошувачите итн.).

Сепак, стандардите утврдени од ЗЗЛП во Србија треба да бидат специфицирани со секторски регулативи, бидејќи законот, како општа регулатива, не може да ги пропише видовите на податоци и роковите за задржување податоци што се обработуваат, на пример, во работните односи, ниту да пропишува кои податоци се собираат и на кој начин тие подоцна се користат при безбедносни проверки во рамките на Министерството за одбрана.

Реформата на правната рамка која ја регулира суштината на обработката на личните податоци во Србија е темелна работа која за жал не се спроведува во согласност со утврдените рокови и обврски. На пример, обврската утврдена со ЗЗЛП „за усогласување на другите закони кои се однесуваат на обработката на личните податоци со одредбите од ЗЗЛП“, сè уште не е исполнета.

Прекршувањето на овој рок не е нешто ново, имајќи предвид дека сè уште не е направена анализа на секторските прописи и изготвување план за нивно усогласување со новиот ЗЗЛП, иако тие се предвидени со Акцискиот план за поглавје 23. Во отсуство на анализата ова поглавје одредува кои прописи треба да се донесат и кои треба да се менуваат (и како). Институциите одговорни за изготвување на овие прописи немаат јасни насоки како да започнат со усогласување на секторските прописи со ЗЗЛП во областа на нивната надлежност. Се додека оваа анализа не ја направат Министерството за правда и Комесарот за информации од јавно значење и заштита на лични податоци, на кои им е доверена оваа задача, институциите може да се потпрат на некои алтернативни извори, како што е Анализата на прописите што го регулираат безбедносниот сектор од аспект на заштитата на личните податоци, изготвен од експерти поддржани од ОБСЕ, и две последователни анализи на избрани секторски регулативи во областа на заштитата на личните податоци и нивната имплементација (2021 и 2022 година) изготвени од „Партнери Србија“ и група граѓански организации.

Регулаторните реформи заостануваат и во регионот. На пример, во Црна Гора, намерата да се донесе закон кој ја пресликува GDPR беше објавена во 2019 година, но ова сè уште не е направено. Секторските закони ќе треба последователно да се усогласат. Понатаму, заштитата на личните податоци во Косово е загарантирана со Уставот и Законот за заштита на личните податоци, кој е изменет и усогласен со GDPR. Откако овој закон стапи на сила, неговите одредби остануваат да се тестираат во пракса, првенствено во однос на прекршувањето на личните податоци.

Во Северна Македонија, новиот Закон за заштита на личните податоци, кој е адаптација на законодавството на европската GDPR, беше усвоен во февруари 2020 година и контролорите и обработувачите на податоци беа обврзани да се усогласат и да обезбедат усогласеност на нивните бизниси со Законот до 24 август 2021 година. Во февруари 2022 година, Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) ја усвои Методологијата за усогласување на ресорното законодавство со Законот за заштита на личните податоци која содржи насоки со кои се регулира постапувањето на министерствата во процесите на усогласување на ресорното законодавство кое го опфаќа процесот на ревидирање на постоечките закони, како и процесот на вршење процена на влијанието на законите во однос на заштитата на личните податоци. Методологијата е подготвена во согласност со добрите практики и законодавството на Европската Унија и нејзините земји членки и содржи информации за процесите на претходна консултација со националниот орган за заштита на податоците при подготовката на предлог-законите или соодветните подзаконски акти поврзани со обработка на лични податоци. На крајот, Албанија ги усвои соодветните закони за заштита на личните податоци, меѓутоа, потребно е дополнително усогласување со GDPR.

Извор: jcomp на Freepik

 

Граѓанското општество во регионот обезбедува поддршка за регулаторните реформи поврзани со приватноста

Заштитата на личните податоци е исто така важен елемент на Дигиталната агенда за Западен Балкан. Овој амбициозен потфат, кој се потпира на Дигиталната агенда за Европа, има за цел да се осигури дека луѓето од регионот можат полесно да ги користат јавните услуги, потпирајќи се на придобивките од новите дигитални технологии. Во исто време, Дигиталната агенда има за цел да го подобри просторот за онлајн бизнис и достапноста на онлајн содржините. Меѓутоа, за да се постигнат овие цели, неопходно е да се вметнат принципите за заштита на личните податоци во системот на обезбедување е-услуги. Во спротивно, постои ризик од повторени нарушувања на големи бази на податоци управувани од институции или случаи на протекување податоци од јавните институции до медиумите. Една од многуте улоги на иницијативата „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда“ (ИЦЕДА), кофинансирана од Европската Унија е да ги поддржи институциите во целните земји од Западен Балкан во спроведувањето на целите на Дигиталната агенда, спроведување на обврските за обезбедување квалитетни јавни услуги, почитување на принципите на отчетност во работата на институциите и стандардите за заштита на приватноста на граѓаните.

Членовите на иницијативата ИЦЕДА придонесуваат и за реформата на рамката поврзана со приватноста. На пример, Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија) ја подигнува јавната свест за прашањата за заштита на личните податоци преку едукативна кампања спроведувана низ повеќе канали и поддржува различни субјекти од јавниот, граѓанскиот и деловниот сектор во процесот на усогласување со ЗЗЛП преку обезбедување обуки и менторска поддршка за различни целни групи. Метаморфозис создаде мрежа од повеќе од 200 претставници на граѓански организации, медиуми, институции, бизниси итн. која нуди платформа за намерна дискусија за приватноста и заеднички напори за застапување за подобра имплементација на соодветното законодавство. Тие, исто така, редовно ја проценуваат усогласеноста на обезбедувањето јавни е-услуги со Законот и обезбедуваат можности за учење за пошироката публика на темата.

Во Црна Гора „НВО 35мм“ исто така беше активна во производството на едукативни материјали и организирање јавни вебинари за приватност и заштита на личните податоци. „Отворени податоци Косово“ споделува позитивна соработка со Агенцијата за информации и приватност, која е одговорна за следење на легитимноста на обработката на податоците и пристапот до јавни документи. Тие исто така се подготвени да помогнат во спроведувањето на практиките за заштита на податоците кога станува збор за промовирање на практиките за отворени податоци меѓу јавните институции и останатите засегнати страни во однос на отворените податоци.

„Партнери за демократски промени Србија“, исто така, беа една од клучните движечки сили кога станува збор за поддршка на институциите во Србија во спроведувањето на правото на заштита на личните податоци. Во таа смисла, тие создадоа Водич со цел да ги поддржат институциите одговорни за изготвување прописи од областа на заштитата на личните податоци за квалитетно да ја извршуваат работата, а со тоа да ја подобрат заштитата на личните податоци на лицата чии податоци се обработени врз основа на секторски прописи, како и зголемување на правната предвидливост во Србија преку хоризонтално усогласување на прописите. Исто така, Водичот е наменет за граѓански организации кои се залагаат за промени на одредени секторски прописи и нивно усогласување со Законот за заштита на личните податоци.

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Владеење (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Сподели:

29349
meta tim sliki-02.jpg

ICEDA

Останати блог текстови

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]

Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано

03.12.2024

Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]

Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа

07.11.2024

Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]

Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори

30.10.2024

Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]

Истражување на Метаморфозис: Колку повеќе државни пари за порталите од една коалиција, толку помала непристрасност

30.10.2024

Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи, се вели во истражувањето на […]