„Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени“ – Мета.мк Новинска агенција

Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски

Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако е вклучено во мониторингот, се соочува со ограничени суштински консултации и недостаток на пристап во однос на спроведувањето или неспроведувањето на реформите поради ниска транспарентност. Но, и покрај овој статус кво, Министерството за европски прашања забележува „голем напредок“ во неколку области од агендата. Делегацијата на Европската Унија, пак, во врска со тоа колку далеку стигнала земјата во оваа насока и кои области се најпроблематични за имплементација, вели дека се во последната фаза од проценката. Сепак, според резултатите, Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски, известува Порталб.мк.

Фикрија Таир-Селмани од Институтот за европска политика (ЕПИ), чие што пилот мониторирање ги опфаќа областите Основни вредности, Енергетска/Дигитална транзиција, Развој на приватниот сектор и деловно опкружување и Човечки капитал, вели дека наодите во нивниот прв пилот извештај од мониторингот, покажуваат дека вклученоста во спроведувањето на реформите е главно формална, со ограничено суштинско вклучување и консултации со засегнатите страни и ограничено информирање на пошироката јавност за напредокот во спроведувањето на реформите.

„Некои реформи поврзани со донесување закони на пример, реформата поврзана со донесувањето на Законот за Судскиот совет во согласност со „Мисијата за проценка“ кој не е усвоен, се објавени во ЕНЕР и формирани се работни групи кои вклучуваат различни засегнати страни во консултативниот процес, но има и процеси во кои нема информации за јавни консултации, иако реформата од страна на државните институции е оценета како исполнета, како на пример, измените на Законот за трговски друштва до декември 2024 година. Постои недостаток на информации и знаење за добиените и прифатени коментари од консултативните процеси за време на спроведувањето на реформите. Понатаму, не е забележано сеопфатно учество на засегнатите страни, што укажува на тоа дека за време на спроведувањето на реформите, консултативниот процес за некои реформи често е ограничен на исполнување на минималните формални обврски, наспроти суштински процес на дијалог. Овој пристап не е карактеристичен само за реформите кои се поврзани со овој инструмент, туку често се забележува и во други реформски процеси (наодите од нашиот мониторинг на другите реформски процеси) надвор од Агендата за реформи, што укажува на потребата од поголема инклузивност за да се обезбеди суштинска инклузија“, смета Таир- Селмани.

Во врска со институционалната транспарентност, Таир -Селмани вели дека е ограничена. Наодите од извештајот на EPI, додава таа, покажуваат случаи во кои клучни документи, планови или регистри што треба да произлезат од спроведувањето на Агендата за реформи не беа јавно достапни на крајот од периодот кога е извршено нивното следење.

„Тука спаѓа Планот за реструктуирање на Државниот железнички оператор и Управителот на железничката инфраструктура, Планот за реновирање на зградите на централната влада, како и Регистарот на сите јавни субјекти, вклучувајќи ги јавните претпријатијата и трговските друштва во државна сопственост. Дополнително, земјата не го објави извештајот поднесен од ЕК за реформските чекорите спроведени помеѓу декември 2024 и јуни 2025 година, за разлика од Црна Гора, која што е единствената земја во регионот што го објавила извештајот и кој е јавно достапен за разгледување. Од друга страна, во регионот, само Албанија и Северна Македонија имаат План за комуникација и видливост за Планот за раст за Западен Балкан. Овој план има за цел да ги доближи придобивките од Инструментот за реформи и раст до јавноста и засегнатите страни, поттикнувајќи транспарентност, вклученост и доверба, и треба да ја одразува отвореноста и отчетноста на институциите во земјата„ – подвлекува Таир- Селмани.

За ефикасно спроведување на Реформската агенда 2024-2027 и користење на расположливите средства, додава таа, покрај надминувањето на институционалните предизвици и зајакнувањето на капацитетите, потребно е и активно вклучување и информирање на засегнатите страни, вклучително и организациите на граѓанското општество, со поддршка на јасни и функционални механизми за следење на процесот што го олеснуваат патот кон процесот на интеграција во ЕУ.

Данче Даниловска-Бајдевска од Фондацијата Метаморфозис, која е дел од консултативниот механизам на Агендата, вели дека за време на следењето и анализата на податоците, заклучиле дека се прават напори за вклучување на засегнатите страни, но тие се уште се во почетна фаза, т.е. потребно е подлабоко и континуирано вклучување на различни засегнати страни, особено граѓанското општество. Значи, во овој момент, вклученоста е формална, но не е доволно длабинска или структурирана.

„Владата подготви План за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 – 2027 на Северна Македонија, со клучни фази и различни целни групи и различни начини на нивно информирање и вклучување. Но, на веб страната на Министерството за европски прашања, на пример, достапни се само документите, но не можете да најдете поврзување со различни активности од другите надлежни институции, ниту во моментов е видлива кампања за зголемување на свеста и обезбедување јасност за клучните елементи од програмата. Комуникацијата со граѓаните генерално, со младите, со граѓанското општество, со технолошките компании, односно со сите чинители е клучот на успешноста на реформите. Транспарентноста и отчетноста во процесот и неговото разбирање се предуслов граѓаните да почувствуваат дека реформите се случуваат, но и дека тие се спроведуваат според нивните потреби, како и дека евроинтегративниот процес не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за поквалитетен живот, поефикасни услуги, дигитална трансформација и чиста животна средина“, оценува Даниловска-Бајдевска.

Таа додава дека граѓанскиот сектор има за цел да го одржи моментумот на реформите во периодот 2024 – 2027 година.

„Метаморфозис го набљудуваше прогресот во исполнувањето на обврските од Реформаската агенда со фокус на дигиталната трансформација и ги објави во публикацијата „Реформската агенда 2024 – 2027 и дигитализацијата во Република Северна Македонија“. Дополнително, граѓанското општество самоиницијативно, иницирано од Институт Преспа, се вмрежи за следење на реформските процеси во Граѓанската алијанса за реформи и пораст (CARGrow), во која членува и Метаморфозис. Преку заеднички ангажман и секторска експертиза, развивме методологија и мониторинг матрица која длабоко ја следи Реформската агенда, и има за цел да обезбеди проценки засновани на податоци и да го одржи реформскиот импулс во текот на периодот 2024 – 2027 година “ – вели Даниловска-Бајдевска.

Министерството за европски прашања, пак, не дава јасна слика за тоа што не е направено, какви се тешкотиите и колку време ќе ѝ биде потребно на земјата да ги надмине. И покрај оценката на Европската комисија за умерен напредок, ова Министерство вели дека во изминатиот период преземени се многу важни чекори кои претставуваат конкретен придонес за стабилен и одржлив напредок.

„Во областа на јавните финансии донесен е Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и започната е имплементацијата на повеќе подзаконски акти предвидени во Законот за буџети. Во делот на деловното опкружување, усвоени се измени на Законот за трговски друштва со кои се воведуваат нови стандарди за независност и професионалност на управните одбори во компаниите во државна сопственост. Во енергетиката се операционализирани структурите предвидени во Патоказот за праведна транзиција и веќе е усвоен годишниот план за спроведување за 2025 година. Истовремено, во областа на дигитализацијата се донесени нови законски решенија за кибербезбедност, електронски комуникации и електронски документи, целосно усогласени со европската регулатива и стандардите за дигитален идентитет„ – велат од МЕП.

Според ова министерство, најголем напредок е забележан во областите на дигиталната транзиција и енергетиката, каде што повеќето активности се спроведуваат во рамките на планираната динамика. Сепак, тие додаваат дека, дел од мерките во владеењето на правото и управувањето со јавните финансии се спроведуваат со одредени задоцнувања, главно поради сложеноста на законодавните процедури и потребата од дополнителни институционални и човечки ресурси.

„Овие активности се предмет на привремени механизми за одложување (грејс период), додека во координација со надлежните институции се подготвуваат планови за нивно навремено спроведување во согласност со утврдените рокови и европските стандарди“, се вели во одговорот на МЕП.

Пред ЕК да ги ажурира податоците за напредокот, во однос на тоа колку далеку е стигната земјата во овој правец и кои области се најпроблематични за имплементација, Делегацијата на Европската Унија за Порталб.мк одговори дека се во завршна фаза од евалуацијата.

„Моментално сме во завршна фаза од евалуацијата и ќе одговориме на вашите прашања што е можно поскоро.“

Како една од своите иницијативи за поддршка на регионот на Западен Балкан, Европската Унија го објави Планот за раст за Западен Балкан во 2023 година и ја усвои Македонската реформска агенда 2024-2027, преку која ќе се забрзаат клучните реформи во земјата. Агендата за реформи на Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку алатка за поддршка на подготовките на земјата за членство во ЕУ.

Суштината на Планот за раст за Западен Балкан е земјите од регионот побрзо и поефикасно да ги достигнат европските стандарди, дури и пред да станат членки на ЕУ. Овие стандарди имаат многу поголемо значење отколку усогласувањето на законите на нашата земја со законите на ЕУ. Тие значат подобар квалитет на живот, поефикасни услуги, дигитална трансформација и чиста животна средина.

Европската комисија ја објави табелата со резултати на Програмата за развој и реформи на Западниот Балкан , каде што Македонија покажува скромен напредок, додека Албанија и Србија се во целосна стагнација. Според официјалната табела на Механизмот за реформи и раст, Македонија исполнила само 2 од 5-те чекори планирани до декември 2024 година, или 40% од предвидените обврски. За ова, таа доби околу 8,5 милиони евра. Сепак, кога станува збор за целите што треба да се постигнат до крајот на 2025 година, сликата е значително полоша: ниту една од 19-те планирани реформи не е спроведена.

Инаку, Планот за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра беше одобрен од Европската комисија на 8 ноември 2023 година. Тој се заснова на четири столба: зајакнување на економската интеграција во единствениот пазар на ЕУ; зајакнување на економската интеграција во рамките на Западен Балкан преку регионален заеднички пазар; забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите.

Линк до оргиналниот текст: https://meta.mk/reformskata-agenda-so-skromni-chekori-gragjanskiot-sektor-vkluchen-vo-monitoringot-no-instituciite-se-zatvoreni/

 

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

„Реформската

агенда

со

скромни

чекори

:

Граѓанскиот

сектор

вклучен

во

мониторингот,

но

институциите

се

затворени“

-

Мета.мк

Новинска

агенција

Останати блог текстови

"Владата со селективна транспарентност: Бомбардирањето со соопштенија го маскира криењето на клучните информации" - Мета.мк

19.09.2025

Новинарите предупредуваат за сериозни пречки за пристап до клучни информации. Фото: Мета.мк На прв поглед, Владата на С. Македонија изгледа отворена: најавува активности, споделува соопштенија за медиумите и изјавува посветеност кон Стратегијата за транспарентност 2023–2026. Но, зад фасадата на отвореност лежи селективна практика: самите институции одлучуваат кои точки од дневниот ред да ги објават, кои […]

Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите

23.04.2025

Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

16.04.2025

Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]

Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано

03.12.2024

Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]