Асоцијацијата на германската интернет економија Eco, на прес-конференцијата одржана во Берлин на 1 септември, 2010 г. ја претстави состојбата со борбата против детската порнографија, донесувајќи заклучок дека бришењето на нелегалните веб-сајтови во 98% од случаите било поефикасно од нивното блокирање.
Од вкупно 197 веб-сајтови со детска порнографија пријавени во првата половина од 2010 г. во одделот на Eco за жалби за интернет, 194 веб-сајтови биле исклучени во рок од една недела. „Веб-сајтовите хостирани на германски сервери беа исклучувани во рок од еден работен ден“.
Главната причина за овој успешен резултат е создавањето на постапки за „известување и исклучување“ и зголемувањето на канцелариите за пријавување на национално ниво. Провајдерите на хостинг се повеќе директно информирани и тие се поуспешни во бришењето на веб-сајтови отколку полицијата.
Со овој извештај само се потврдува она што во последно време постојано го повторуваа интернет провајдерите, интернет корисниците, здруженијата и специјалистите, според кои блокирањето на веб-сајтовите е неефикасна мерка.
Неколку здруженија, како што се ЕДРи или MOGiS во неколку наврати изнесоа аргументи (како што тоа беше случај со нацрт-директивата предложена од Европскиот комесар Сесилија Малстром да се воведе блокирање на европско ниво) дека блокирањето е бескорисна и скапа мерка којашто може лесно да се заобиколи и којашто не го решава проблемот, туку предизвикува нови проблеми од аспект на цензурирање.
- Delete, don’t block (30.03.2010)
- EDRi-gram: EDRi sends open letter to EU Commissioners to oppose Internet blocking (10.03.2010)
Извор: ЕДРИ-грам “Deleting illegal sites is more efficient than blocking them” бр. 8.17, 8 септември, 2010.