Гордон Браун сака сите податоци од сообраќајот – детални телефонски сметки и логови од интернет сообраќајот – да се собираат и чуваат во една централна, владина база на податоци.

Владиното соопштение од 19 мај 2008 г. го навестува наредниот обид на владата да дојде до податоците од сообраќајот. И покрај силните негативни реакции против Директивата на ЕУ за задржување на податоци, која што владите мора да ја вметнат во националното право до 15-ти март 2009, британската влада (која е главен поборник за задржувањето на податоците)  сега бара уште повеќе.

Гордон Браун сака сите податоци од сообраќајот – детални телефонски сметки и логови од интернет сообраќајот – да се собираат и чуваат во една централна, владина база на податоци. Планот, кој се појави во понеделник во весникот Тајмс, беше критикуван од опозицијата како закана за нашата безбедност наместо како поддршка додека Контролорот за приватност рече „Државата нема оправдување да ги држи записите од телефонските повици и интернет сообраќајот на секој граѓанин на Велика Британија“ и сметам дека со предлогот „би можело да се претера“.

Актот на Велика Британија за уредување на истражните овластувања им овозможува на државните службеници да добиваат податоци за сообраќајот од давателите на услуги и неодамна наиде на критики откако стана очигледен опсегот на неговата примена. Кога беше усвоен во 2000, само на девет организации им беше дозволено да го искористат, но тој број се покачи на 792.

Во известувањата до интернет провајдерите и персоналот на телефонските компании, владините службеници рекоа дека сакаат побрзо и поевтино да ги следат мрежите за контакт на криминалците, и дека да се имаат сите податоци за сообраќајот во една база на податоци ќе биде многу попогодно отколку по неколку пати да се бараат податоци од повеќе телефонски компании, интернет провајдери и други даватели на услуги. Тие исто така сакаат да ги глобализираат побарувањата од типот на „покажи ми ги сите во Велика Британија кои испратиле е-пошта во 21:07, 21:22 и 21:55 минатиот вторник“. Интернет провајдерите, пак, се пожалија дека собирањето на големи количества податоци кои во моментот не ги чуваат за бизнис цели ќе бараат огромно и скапо ре-конструирање на мрежата. Исто така, има сериозни сомненија околу способноста на Владата на Велика Британија да изгради систем кој што ќе биде способен да се справи со милијарди имејлови, текстуални и телефонски пораки, имајќи ја предвид неговата долга историја на пропаднати софтверски проекти.

Еден од аргументите на директивата за задржување на податоци беше дека еден чисто национален систем за задржување на податоци не би можел да биде многу ефективен, бидејќи интернет провајдерите едноставно би ги пренеле нивните операции во други земји-членки за да ги избегнат трошоците за усогласување со законот. Останува да се види дали истите аргументи повторно ќе се искористат за да се аргументира централизираното задржување на податоци на Европско ниво. Исто така, не е сосема јасно дали владината база на податоци од сите записи на телефонските разговори на граѓаните и интернет сообраќајот е конзистентна со Европското право.

`Big Brother' database for phones and e-mails (20.05.2008)

Anti-terror law used to snoop on fishermen (14.05.2008)

Government orders data retention by ISPs (15.05.2008)

EDRI gram: Data retention for one year for UK telecom companies (1.08.2007)

 

Извор: ЕДРи-грам "UK Government will store all phone, Internet traffic data" Number 6.10, 21 May 2008