Услугата АДСЛ, со која се овозможува 15 пати побрз интернет-пристап, “Македонски телекомуникации” треба да им ја понуди и на другите интернет-провајдери…
Услугата АДСЛ, со која се овозможува 15 пати побрз интернет-пристап, “Македонски телекомуникации” треба да им ја понуди и на другите интернет-провајдери, а не само на МТ-Нет, одлучи Монополската управа.
Во “Македонски телекомуникации” се уште не ја добиле одлуката и немаат официјален став за неа.
Оваа услуга пред Управата ја оспорија интернет-провајдерите МОЛ и Он-Нет бидејќи сметаат дека телекомот ги злоупотребувал ексклузивните права и ја уништувал конкуренцијата. Монополската управа утврдила дека телекомот го прекршил Законот против ограничување на конкуренцијата и му наложува да прекине со рекламирање и склучување договори за користење на АДСЛ-линијата се додека не им ја понуди на сите провајдери.
Монополската управа го прифатила и барањето на провајдерите телекомот да им ја понуди наплатата на интернет-услугите во телефонските сметки на корисниците. Ако “Македонски телекомуникации” не ги почитува одлуките, следува прекршочна пријава против компанијата, информираат во Монополската управа.