Oбострано оцениле дека информатичката технологија може да ја направи Македонија лидер во регионот
Премиерот Бучковски во рамките на форумот на лидерите на влади во Лисабон се сретна на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.
На средбата била најавена можна соработка за реализирање на проект со решенија за работата на локалната самоуправа.
Технологијата би ја изработувале локални македонски фирми, општините тоа би го добивале како услуга, а Владата би помогнала при имплементацијата.
Разговарале и за општата економска состојба во регионот, но и за состојбата во Македонија од аспект на добиениот кандидатски статус.
Бучковски го информирал Гејтс за реализацијата на владините проекти од договорот за стратешкото партнерство со „Мајкрософт“. Oбострано оцениле дека информатичката технологија може да ја направи Македонија лидер во регионот.
Извор: А1