mediumski-item-img-1.png

03.06.2015

Метаморфозис го потпиша отвореното писмо против предлог-законот #Pyrawebs за задржување податоци во Парагвај

Парагвајскиот Сенат ќе гласа за усвојување на предлог-законот за задржување податоци – еден од најлошите предлог-закони против пиратство во Парагвај. Предлог-законот ќе ги принуди интернет-провајдерите да задржат (за период од 12 месеци) информации за тоа кој комуницира со кого, колку време и од каде, доколку се користи мобилен телефон или каков било уред што се […]

mediumski-item-img-1.png

15.05.2015

Членовите на IFEX апелираат да се повлече обвинението за противдржавно делување на малезискиот карикатурист Зулкифли „Зунар“ Анвар Хак

Малезиската влада ја загрозува слободата на изразување проширувајќи го Законот за противдржавно делување (1948) и зголемувајќи ја неговата примена. Во изминатите две години, зголемената примена на овој закон резултираше со зачестено малтретирање и кривично гонење на владините претставници, опозициските политичари и медиумите. Меѓу обвинетите за противдржавно делување е и малезискиот политички карикатурист Зулкифли Анвар Хак, […]

mediumski-item-img-1.png

29.04.2015

Потпишани се договорите со граѓанските организации, добитници на мали грантови

На 28 април, 2015 г. се потпишаа договорите со 6-те граѓански организации кои конкурираа со предлог-проект на конкурсот за доделување грантови во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, објавен во декември 2014 година. Грантовите се доделуваат во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, што го […]

mediumski-item-img-1.png

29.04.2015

Работилница/натпревар на тема „Моето прво мини-видео”

Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија ве покануваат да учествувате на работилницата „моето прво мини-видео“ и, на тој начин, да земете учество и на самиот натпревар. Работилницата и натпреворот „моето прво мини-видео“ се организираат во рамките на 8-то издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk Работилницата „моето прво мини видео“ ќе се […]

mediumski-item-img-1.png

27.03.2015

Соопштение за медиуми: Поддршка за иницијативата за референдум за ГТЦ

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ целосно ја поддржува Иницијативата за референдум за изгледот на фасадата на Градскиот трговски центар, што ја покренаа Општина Центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Ги повикуваме членовите на Советот на Општина Центар, како и сите граѓани на Република Македонија да ја поддржат иницијативата. Поддршката за референдумот од „Метаморфозис“ […]

mediumski-item-img-1.png

26.03.2015

Повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски комуникации

Ние граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно гo следиме објавувањето на снимените телефонски комуникации. Цениме дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните. Бараме содржината на снимките да […]

mediumski-item-img-1.png

13.02.2015

Повик за апликации: Програмата за стипендии за 2015 година на School of Data е отворена!

По успешното спроведување на програмата за стипендии за 2014 година на School of Data (Школа за податоци), сега е отворен и повикот за апликации за стипендии за 2015 година. Како и минатата година, се бараат нови обучувачи за податоци коишто ќе ги споделуваат нивните вештини за работење со податоци ширум светот. Како стипендист на School […]

mediumski-item-img-1.png

10.02.2015

Соопштение за медиуми: Неовластеното прислушување е неуставно кривично дело

Фондацијата „Метаморфозис“ искажува огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации. Потсетуваме дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на личните податоци, но и многу поширок круг човекови права што се однесуваат на слободата […]

mediumski-item-img-1.png

20.01.2015

Победници на изборот за Нај ООР наставник за 2014 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2014 година, кој траеше до 10 јануари 2015 година, а во кој учествуваа 16 наставници, за Нај ООР наставници беа избрани: Ненад Начковски од ООУ „11 Октомври“ Куманово – изгласан од членовите на Алијансата за ООР Аида Петровска од ОУ „Димитар Миладинов“ Скопје – избрана од стручна жири […]

mediumski-item-img-1.png

25.12.2014

Анкета за однесување на интернет

Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, спроведува истражување за навиките и ставовите на корисниците на интернет во Република Македонија. Податоците добиени од ова истражување ќе ни помогнат за добивање на прецизна слика и претставување на ставовите и навиките на граѓаните на граѓаните при користење на интернетот како алатка. Анкетата е достапна на 3 јазици: македонски […]

mediumski-item-img-1.png

17.12.2014

In Memoriam: Игор Исаковски

Тимот на „Метаморфозис“ упатува последен поздрав до Игор Исаковски, нашиот поранешен колега, еден од пионерите на електронското издаваштво во Македонија. Игор Исаковски беше дел од групата ентузијасти кои во 1998 година ја започнаа иницијативата за формирање на Центарот за електронско издаваштво „Метаморфозис“, кој во 2004 година прерасна во денешната Фондација „Метаморфозис“. Игор даде исклучителен придонес […]

mediumski-item-img-1.png

16.12.2014

Конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации

Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“, објавува: К О Н К У Р С за поддршка на […]