04.12.2014
Гласајте за Нај ООР наставник / Нај ООР професор
По завршувањето на конкурсот за предложување на кандидати за избор на Нај ООР наставник/ Нај ООР професор, листата на кандидати е објавена и можноста за гласање е достапна. Дајте го вашиот глас за Нај ООР наставник/ Нај ООР професор и изберете го најдобриот кандидат!
19.11.2014
Повик за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор за 2014 година
Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2014 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата! Процесот на пријавување трае до 30 ноември 2014. Номинирањето на […]
07.10.2014
Конкурс за репортери со албански работен јазик
Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, објавува Kонкурс за новинари – репортери со албански јазик за хонорарна соработка, со и без работно искуство Заинтересираните квалификувани кандидати треба да испратат кратка работна биографија исклучиво по електронска пошта на: konkurs@metamorphosis.org.mk Краен рок за пријавување: 20 октомври 2014.Ве молиме без телефонски јавувања. По истекот на крајниот рок ќе […]
26.08.2014
Резултати од конкурсот за грантови за граѓански организации
На конкурсот за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, објавен во јуни 2014 година, до Фондацијата Метаморфозис пристигнаа вкупно 111 пријави. Избрани се 15 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 70.000 евра. Подолу е објавена листата на грантисти. Грантовите се […]
25.07.2014
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис
На 25 јули 2014 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се потврдува одличната соработка во континуитет и заедничкиот интерес на организациите за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација, на тема приватност, заштита на лични податоци и други сродни […]
15.07.2014
Конкурс за репортери
Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, објавува Kонкурс за новинари – репортери за хонорарна соработка, со и без работно искуство Заинтересираните квалификувани кандидати треба да испратат кратка работна биографија исклучиво по електронска пошта на: konkurs@metamorphosis.org.mk Краен рок за пријавување: 26 јули 2014.Ве молиме без телефонски јавувања. По истекот на крајниот рок ќе бидат контактирани само […]
05.06.2014
Создавање на ООР? Како да ги лиценцирате?
Кога едукаторите традиционално пишуваат учебник, тие генерално треба да потпишат договор за авторски права кај издавачите. Кога пишуваат учебници со отворен пристап или продуцираат некој друг вид на отворени образовни ресурси, нема потреба за потпишување на договор за авторски права – креаторите го задржуваат правото за копирање, дистрибуирање и повторна употреба на нивните дела. Не […]
03.04.2014
Митови и пречки со кои се соочуваат отворените образовни ресурси
Од каде доаѓаат митовите за отворените образовни ресурси (ООР)? Движењето за ООР се појави за да го трансформира и демократизира пристапот до образование. Владите, компаниите, наставниците и учениците ширум светот создаваат ООР и ги користат на различни начини. Но, фактот дека се поголем број на проекти и луѓе создаваат ресурси слободни за копирање, комбинирање и […]
18.02.2014
Награден конкурс за графички решенија за пораки против говорoт на омраза на Интернет
Метаморфозис, фондација за Интернет и општество распишува конкурс за графички решенија (илустрации) со кои сликовито ќе се претстават формите против говор на омраза на Интернет, со цел да се маркираат како појави и да се укаже на штетата која тие ја причинуваат на целото општество, а во рамки на иницијативата против говор на омраза на […]
31.10.2013
Волонтирање во Метаморфозис
Фондацијата Метаморфозис како дел од своите активности за зајакнување на капацитетите отвора можност за сите заинтересирани да се вклучат како волонтери во работата на организацијата. Идните волонтери ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат работни вештини и ќе ги надградат своите знаења.
26.08.2013
Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти.
31.05.2013
Избрани организациите за обуките за подобрување на ефикасноста
На повикот за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на активностите и мисијата на организациите преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), до Фондацијата Метаморфозис пристигнаа вкупно 22 апликации, од кои беа избрани 10.