mediumski-item-img-1.png

16.06.2017

Општините во Република Македонија исполнуваат 34% од индексот на отвореност

Општините во Република Македонија исполнуваат 34% од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. Просечниот индекс на отвореност на локалната […]

mediumski-item-img-1.png

01.10.2015

Промовирана публикацијата „Добро владеење – искуства и предизвици“

На 23 септември, за време на финалната конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење, беше промовирана публикацијата со наслов „Добро владеење – искуства и предизвици“. Во оваа публикација се обработуваат поврзаноста на доброто владеење со ИКТ и новите медиуми, истражување и креирање политики и ЕУ. Исто така, во рамките на ова издание се пренесени […]

mediumski-item-img-1.png

15.12.2014

Промовиран педагошкиот прирачник за работа со млади „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“

На 11.12.2014 г. во Скопје, Институтот за човекови права и мир од Каен и Фондацијата Метаморфозис го промовираа педагошкиот прирачник за работа со млади „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“, изработен како резултат на заедничката работа во оваа област во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија. Промоцијата […]

mediumski-item-img-1.png

28.05.2014

Право на говор не е право на говор на омраза – нов водич за средношколци

„Право на говор не е право на говор на омраза“, е брошурата за средношколци која како деветти водич за ИКТ на Метаморфозис има за цел да го претстави и лоцира говорот на омраза како и да посочи на механизмите со кои истиот може да се пријави и санкционира. Овој водич ќе биде промовиран на претстојната […]

mediumski-item-img-1.png

02.07.2013

Објавен првиот македонски прирачник „е-Бонтон“

Новообјавениот прирачник „е-Бонтонˮ содржи сто правила за добро однесување на интернет собрани со директно учество на граѓаните. Прирачникот е објавен од Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком во рамки на проектот „е-Бонтон“ поддржан и од Фондацијата Метаморфозис, Младинскиот образовен форум и Високата школа за новинарство и односи со јавност.

mediumski-item-img-1.png

14.03.2013

Македонија: Расте бројот на е-продавници и процентот на присутност на политики за приватност

Тимот на Метаморфозис продолжува да ја следи присутноста на политики за приватност кај е-продавниците, па така, мониторингот спроведен во месец март 2013, укажува на пораст на бројот на е-продавници и зголемен процент на политики на приватност во овој сектор.

mediumski-item-img-1.png

16.10.2012

5 нови изданија на Метаморфозис за заштита на приватноста

Како продолжување на иницијативата и напорите за заштита на приватноста, оваа година Метаморфозис испечати 5 нови изданија поврзани со оваа проблематика. Во ерата на социјалните медиуми приватноста добива нова димензија. Затоа новите изданија се фокусирани на предочување на предизвиците поврзани со приватноста при користење на Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Линкдин и имејл и совети за нивно надминување.

mediumski-item-img-1.png

19.09.2012

Македонија: Бројот на е-продавници се зголемува, но процентот со политики за приватност опаѓа

Мониторингот на присутност на политики за приватност кај е-продавниците, спроведен во месец септември 2012 од тимот на Метаморфозис, укажува на пораст на бројот на е-продавници, но намален процент на политики на приватност во овој сектор.

mediumski-item-img-1.png

17.09.2012

Зголемен бројот на регистрирани .gov веб-сајтови со ПП

Според последниот мониторинг спроведен од страна на Метаморфозис во месец септември 2012 година од вкупно 246 .gov регистрирани веб-сајтови, само 2,84% имаат политика за приватност.

mediumski-item-img-1.png

31.05.2012

Резултати од мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернетот и социјалните медиуми

Во текот на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.

mediumski-item-img-1.png

05.03.2012

Електроника и е-отпад: Водич за управување со е-отпад

Водичот им овозможува на носителите на одлуки и НВОи, организатори на кампањи за поеколошка електроника преглед на барањата за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.

mediumski-item-img-1.png

27.02.2012

Инфографик: Е-Отпад на Балканот

Отпадот од електрична и електронска опрема претставува закана за животната средина. Истражувањата кои се направени со цел да се одредат количествата и состојбата со раководење на е-отпадот на Балканот покажуваат дека и овој регион има значителен проблем со правилно раководење и заштита на животната средина. Следува инфографик со резултати од овие истражувања, како и неколку факти и совети за раководење со е-отпад.