mediumski-item-img-1.png

11.04.2011

Велес: Одржана обука за користење на Wiki.mk

На 8 април 2011 година, во „Центарот за поддршка на невладини организации“ во Велес, се одржа „Обука за користење на Wiki.mk“.

mediumski-item-img-1.png

05.04.2011

Дебар: Одржана oбука за користење на Wiki.mk

На 1 април 2011 г. во просториите на „Центарот за поддршка на невладини организации“ во Дебар беше одржана „Обука за користење на Wiki.mk“. Обуката беше спроведена од невладината организација „Викимедија“ во рамките на ИКТ компонентата на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија на Фондацијата Метаморфозис кој се реализира во партнерство со горенаведената организација.

mediumski-item-img-1.png

01.04.2011

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ на Координативната средба за е-трговија

На 1 април 2011 г. во Клубот на државни служби во Скопје беше одр жана промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ во рамките на Координативната средба за е-трговија, пред за претставници на е-продавници, процесори на наплати, банки и други чинители од областа на е-трговија.

mediumski-item-img-1.png

30.03.2011

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ пред претставници на државните институции

На 30 март 2011 г. во Клубот на државни органи во Скопје беше одржана промоција на Водичот за ИКТ на Метаморфозис бр. 6, „Како до политика за приватност?“ изработен во соработка со Дирекцијата за лични податоци во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет.

mediumski-item-img-1.png

30.03.2011

Работилница за квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтвери и политики на приватност

Проектот за е-Влада и Министерството за информатичко општество (МИОА) ја организираа последната заедничка работилница наменета за лицата вработени во државните органи, кои се директно вклучени како проект координатори или имплементатори на проекти од областа на е-Влада. Темата на работилницата, која се одржа на 30 март 2011 година во Клубот на пратеници, беше „Квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтверски апликации“.

mediumski-item-img-1.png

11.03.2011

Одржана конференција: „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците (КОЗ)“

На 9 март 2011 година се одржа завршната конференција на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните – МЕК“ кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и  здружението Заеднички вредности со поддршка на Европската Унија.

mediumski-item-img-1.png

11.03.2011

Најава: Циклус јавни расправи за Националната политика за слободен софтвер

Започнува втората фаза од имплементацијата на проектот за донесување на национална политика за слободен софтвер. Овој проект е дел од активностите на Слободен софтвер Македонија, поддржан од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.

mediumski-item-img-1.png

23.02.2011

Најава за конференција

На 9 март 2011 г. (среда) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните – МЕК“ кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и  здружението Заеднички вредности со поддршка на Европската Унија. Конференцијата е на тема „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците (КОЗ)?“ и ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

18.02.2011

Најава на настани во рамките на проектот МЕК

Во наредниот период, во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“, ќе се организираат повеќе настани и тоа:

mediumski-item-img-1.png

15.02.2011

BEWMAN презентиран на настан од програмата People 2 People

Проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ беше презентиран на настан со тема „Застапување за подобри политики за управување со отпад“ во рамките на програмата People 2 People на Европската комисија.

mediumski-item-img-1.png

10.02.2011

Настан по повод Европскиот ден на побезбеден интернет

8 февруари беше ден на побезбеден интернет кој годинава го обележаа 68 земји насекаде во светот, меѓу кои и Македонија. Метаморфозис, како и секоја година, и оваа, активно се вклучи во глобалната акција под мотото „Животот на интернет е повеќе од игра“, со организирање настан за деца.

mediumski-item-img-1.png

07.02.2011

Животот на интернет е повеќе од игра

„Животот на интернет е повеќе од игра“ е темата на настанот кој ќе се одржи утре (8.02.2011 година) со почеток во 11 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Повод е обележувањето на Денот на побезбеден интернет. Настанот ќе трае час и половина, а учество ќе земат 50тина ученици од основно училиште.