mediumski-item-img-1.png

28.01.2011

Обележан Европскиот ден на заштита на лични податоци

Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци го одбележаа Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, со настан кој се одржа во ЕУ инфо центарот.

mediumski-item-img-1.png

26.01.2011

Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци

По повод Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе организираат презентација и јавна трибина на тема „Безбедна електронска комуникација: фикција или реалност“.

mediumski-item-img-1.png

21.01.2011

Најава: Одбележување на Денот на јавниот домен во Торино

На 22 јануари, 2011г. во Торино, Италија ќе се одржи настан за одбележување на Денот на јавниот домен. На настанот ќе учествуваат претставници од фондацијата Метаморфозис.

mediumski-item-img-1.png

20.01.2011

Учество на настан во врска со Денот на јавниот домен во Берлин

Како дел од прославата на  Денот на јавниот домен 2011 година, Фондацијата Open Knowledge организираше неформална средба во Берлин на 14 јануари 2011 година.

mediumski-item-img-1.png

24.12.2010

Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на Интернет

Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“.

mediumski-item-img-1.png

22.12.2010

Студиска посета на регионот Долна Нормандија

Како дел од Акцијата 1: Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) од проектот за Децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, во периодот од 8ми до 11ти декември 2010 година, државна делегација од Македонија го посети регионот Долна Нормандија.

mediumski-item-img-1.png

09.12.2010

Хрватска: Регионална работилница за е-пристапност

На состанокот на eSEE Иницијативата за електронска Југоисточна Европа во рамки на Регионалната работилница за е-пристапност која се одржува во Загреб беа презентирани две значајни публикации „Извештај за ЈИЕ – второ издание: е-владеење и употреба на ИКТ“ и „Чекор повеќе за дигиталната агенда: заложби за е-лидерство во Југоисточна Европа“.

mediumski-item-img-1.png

02.12.2010

Одржана Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2010

Заврши шестата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност“. Конференцијата се фокусираше на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

mediumski-item-img-1.png

01.12.2010

Започна Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк

Сесиите од Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност“ се во тек. За повеќе информации кликнете овде. Наскоро ќе следува подетален извештај од конференцијата.

mediumski-item-img-1.png

18.10.2010

Иницијален состанок на организациите од македонската национална мрежа

Како дел од проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад, на 16 септември во Скопје, македонската национална мрежа од граѓански организации го одржа својот прв состанок. Сите 11 членки присуствуваа на состанокот, како и Хејли Бовкок, од Компјутер Еид Интернашнл.

mediumski-item-img-1.png

14.10.2010

Најава: Работилница „Подобрување на соработка и комуникација во меѓуетничките односи“

Тимот на проектот МЕК зема учество на работилницата на УНДП „Подобрување на соработката и комуникацијата во меѓуетничките односи“ со претставување на дел од придобивките од проектот. Работилницата се одржува во Клубот на пратеници во Скопје на 14 и 15 октомври 2010 година во рамките на Програмата на Обединетите нации за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка.

mediumski-item-img-1.png

13.10.2010

Предавање на тема приватност на Институтот за информатика

На 13 октомври 2010 година тимот на Метаморфозис одржа предавање на тема приватноста во Македонија за студентите на Институтот по информатика во Скопје. Предавањето на Институтот по информатика при ПМФ на УКИМ беше одржано во рамките на предметот „Професионална етика“ кој го води проф. д-р Катерина Здравкова.