08.10.2010
Берлин: Средба на работните групи на КОМУНИЈА и Конференција за истражување на слободната култура
Третата Конференција за истражување на слободната култура во организација на Слободниот универзитет во Берлин и Институтот Макс Планк за проучување на општества ќе се одржи на 8 и 9 октомври, 2010г. во просториите на Слободниот универзитет во Берлин, во соработка со КОМУНИЈА, а финансиски поддржана и од Фондацијата Хајнрих Бел.
01.10.2010
Тркалезна маса на тема медиуми и високо образование
На 29.09.2010. во Скопје, тимот на Метаморфозис зема учество на тркалезната маса „Примена на печатените медиуми во високото образование“.
21.09.2010
Прашањето за е-отпад покренато пред Собранието
Преку синергија помеѓу проектот BEWMAN и програмата за законодавни иницијативи преку соработка на граѓански организации и Собранието на Националниот демократски институт (NDI), македонските пратеници беа запознаени со обврските и искуствата кои произлегуваат од директивата на ЕУ за електронски и електричен отпад, врз основа на која се подготвува Закон за е-отпад.
13.09.2010
Иницијален состанок на регионалните партнери во проектот BEWMAN
Партнерите во проектот BEWMAN одржаа иницијален состанок во Скопје, на 8 април, 2010 г. BEWMAN (Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад) е партнерска акција поддржана од Службата за граѓанско општество на Генералниот директорат за проширување на ЕУ преку програмата за грантови IPA 128287.
13.09.2010
Брисел: Иницијален состанок за проектите во рамки на програмата IPA 128287
На 25 и 26 март, 2010 г., Службата за граѓанско општество (Акции за партнерство) на Европската комисија, и Генералниот директорат за проширување организираа Иницијален состанок за носителите на проекти и проектни партнери во 15-те Акции за партнерство спроведени во Југоисточна Европа со поддршка од IPA фондовите.
06.07.2010
10 јавни дебати низ Македонија за промоција на различни каузи
Во периодот 9-24 јуни се одржаа 10 јавни дебати во 10 градови во Македонија, чија цел беше поттикнување на критичко размислување за општествено важни теми и промоција на блог платформата kauza.mk како бесплатна и моќна алатка за застапување за одредени промени.
28.06.2010
Семинар на тема: „Безбедност и приватност на интернет“ во НОВА
Минатиот петок (25.06.2010) во рамките на проектот „Полесно до приватност на интернет“, во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија 20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето.
16.06.2010
Проект МЕК: Средба на носители на одлуки од 4 пилот-општини
На 16.06.2010. во Скопје, носители на одлуки од четирите пилот-општини избрани од Проектниот одбор ги потпишаа меморандумите за соработка со Метаморфозис за спроведување на активностите во рамки на проектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ (МЕК).
15.06.2010
Работилници за управување со е-отпад во А.С.У.Ц. „Боро Петрушевски“
На ден 20.05.2011-та година во А.С.У.Ц. „Боро Петрушевски“- Скопје се одржаa две работилници на тема „Управување со е-отпад“. Истите беа спроведени од Центарот за електронска комуникација ЕКО-НЕТ како дел од македонската национална мрежа во рамките на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.
11.06.2010
Повикот за заштита на приватноста предаден во Собрание
Реагирајќи на заканите по приватноста и демократијата содржани во предлог-законот за измени на Законот за електронски комуникации, на 11 јуни 2010 година 16 невладини организации кои од разни аспекти го помагаат развојот на Република Македонија упатија повик до Собранието на РМ за негово повлекување од собраниска процедура.
04.06.2010
Забелешки од првата работна средба за националната политика за слободен софтвер
Дискусијата во врска со предложените точки за Националната политика за слободен софтвер започна по воведните излагања на Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис) кој се осврна на идејата и причините зошто е потребна ваква политика во Р. Македонија и Игор Стаматовски (Слободен софтвер – Македонија) кој зборуваше за тоа што е слободен софтвер.
31.05.2010
Најава: Предавање на Ричард Сталман, основач на движењето за слободен софтвер на 3 јуни
На 3 јуни во Скопје ќе се одржи предавање на Ричард Сталман, на темата „Авторски права наспроти заедницата во добата на компјутерските мрежи“, како дел од проектот Национална политика за слободен софтвер.