mediumski-item-img-1.png

11.09.2014

Започнуваат „Часовите по приватност“

На 15.09.2014 почнуваат предавањата од проектот „Час по приватност“. Првите предавања ќе се одржат во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и СУГС „Боро Петрушевски“, а потоа секоја недела учениците од различни училишта ќе имаат час по приватност, каде ќе се едуцираат на теми поврзани со заштитата на личните податоци, приватноста и безбедноста на интернет, говорот на […]

mediumski-item-img-1.png

17.06.2014

Најава: Обука за обучувачи за слобода на изразување и приватност на интернет во Каен

Обуката за обучувачи за слобода на изразување и приватност на интернет ќе се одржи од 17 до 19 јуни, 2014 г. во Каен, Франција. Обуката ќе се одржи во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија (http://www.bn-mk.org), и е ко-организирана од страна на фондацијата Метаморфозис од Скопје и Меѓународниот Институт за човекови […]

mediumski-item-img-1.png

30.05.2014

Одржани обуки за онлајн активизам и мултимедија

Во текот на месец мај 2014 тимот на Метаморфозис одржа серија од три обуки во соработка со Хелсиншкиот комитет на Република Македонија, на кои учествуваа 15 активисти, членови и поддржувачи на ЛГБТ заедницата. Место на одржување на обуките беше ЛГБТИ центарот за поддршка во Скопје, со цел јакнење на капацитетите на активистите за примена на […]

mediumski-item-img-1.png

01.03.2014

Предавање за онлајн активизам

Во рамки на проектот Зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за учество во законодавниот процес, на Националниот демократски институт, Фондацијата Метаморфозис спроведе обука за како да се остварат социјални промени преку употреба на технологијата и новите медиуми, како и подобрување на онлајн присуството и стратегии за комуникација преку друштвените мрежи. Целта на обуката беше да […]

mediumski-item-img-1.png

28.02.2014

Одржана третата обука против говор на омраза на Интернет

На 27 февруари, 2014 година во просториите на ГЕМ клубот во Скопје се одржа обуката на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 8 учесници. Оваа обука е трета од циклусот обуки на оваа тема кои ќе се реализираат во текот на годината. Професорката Мирјана Најчевска го водеше првиот дел од […]

mediumski-item-img-1.png

18.02.2014

Одржана втора по ред обука на тема „Фото-активизам“

На 13,14 и 17 февруари оваа година беше одржана втората по ред обука на тема „Фото-активизам“, насочена кон подобрување на вештините на: новинарите, блогерите и активистите. Обуката се одржи во просториите на ГЕМ клубот во Скопје и на истата присуствуваа 10 учесници. Во текот на трите дена на обуката, учесниците имаа шанса да се запознаат […]

mediumski-item-img-1.png

18.02.2014

Повик за учество на обука „Борба против говор на омраза на Интернет“

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обукa против говор на омраза на Интернет, која ќе се одржи ќе се одржи во четврток, 27 февруари 2014 година во ГЕМ-клубот во Скопје, со почеток од 10:30 часот. Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на […]

mediumski-item-img-1.png

05.02.2014

Одржана втора обука против говор на омраза на Интернет

На 4 февруари, 2014 година во просториите на ГЕМ клубот се одржа обука на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 9 учесници. Оваа обука е втора од циклусот обуки на оваа тема кои ќе се реализираат во текот на годината. Професорката Мирјана Најчевска го водеше првиот дел од обуката каде […]

mediumski-item-img-1.png

23.12.2013

Одржана обука за борба против говор на омраза на Интернет

На 20 декември, 2013 година во просториите на ГЕМ клубот беше одржана обука на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 16 учесници. Ова беше прва одржана обука на оваа тема, а повеќе вакви се планираат за следната година. Обуката ја започна проф. д-р Мирјана Најчевска, која зборуваше за препознавање и […]

mediumski-item-img-1.png

17.12.2013

Одржана обука за фото-активизам

Почнувајќи на 12ти декември, со траење од три дена, се одржа првата обука на тема „Фото-активизам“ организирана од страна на Метаморфозис. Обуката ја посетија 12 учесници кои припаѓаат во една од однапред наведените категории: новинари, граѓански активисти и блогери. За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со техничките аспекти на процесот на […]

mediumski-item-img-1.png

04.12.2013

Повик за учество на обуки „Борба против говор на омраза на Интернет“

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обуки за борба против говор на омраза на Интернет. Учесниците на обуките ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења. Обуките се отворени за […]

mediumski-item-img-1.png

04.12.2013

Повик за учество на обука за фото-активизам

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на тродневна  обука за фото-активизам. Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со технички вештини за фотографирање, како и со начините за напредна обработка на фотографија. Обуката е отворена за новинари, граѓански активисти и блогери. Бројот на учесници е ограничен на 10 и изборот […]