mediumski-item-img-1.png

21.11.2013

Одржана обука за новинари за уште една редакција

Во периодот 18-20 ноември, 7 новинари од порталот Мојот град, посетија обука за новинари чија цел е зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

12.08.2013

Косово: Повик за учество во обуки за подобрување на ефикасноста на организациите

Како дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

mediumski-item-img-1.png

24.07.2013

Обука за транспарентност на општинскиот буџет

Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Меѓународниот републикански институт на 23 јули 2013 година одржа обука за транспарентност на општинскиот буџет.

mediumski-item-img-1.png

11.07.2013

Обука за безбедност на интернет за граѓански организации

На 9 јули 2013 година се одржа обука за безбедност на интернет за активисти на граѓански организации, како дел од напорите на Метаморфозис за градење на капацитетите на невладините организации во Македонија. Метаморфозис ја организираше обуката во соработка со CyberSecurity.mk

mediumski-item-img-1.png

04.07.2013

Одржана обука за говор на омраза за новинари

На 19.06.2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за говор на омраза за новинари. Обуката беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис.

mediumski-item-img-1.png

01.03.2013

Уште 6 новинари дописници посетија обука за новинари

Уште 6 новинари независни дописници, посетија обука за новинари која се одржа во периодот 25-28 февруари, во просториите на Метаморфозис. Целта на оваа обука е зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

24.01.2013

Уште 5 претставници од онлајн медиуми ја поминаа обуката за новинари

Во периодот 21-23 јануари, во просториите на Метаморфозис, се одржа уште една обука за новинари која ја посетија 5 новинари од редакциите: А1он, Дума.мк и независни дописници. Целта на овие обуки е зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

24.09.2012

Работилници за граѓански медиуми наменети за дописници на радио МОФ

Во саботата, 22.09.2012, во рамките на обуките на 15 идни дописници од медија-центрите на Радио МОФ во Скопје, Тетово, Струга и Штип, кои се одржаа во просториите на Младинскиот образовен форум во Скопје, претставници од Метаморфозис имаа две презентации.

mediumski-item-img-1.png

26.06.2012

Работилница со наставници и научни работници на тема отворени образовни ресурси

На 21 јуни во Скопје во просториите на „Метаморфозис“ беше одржана работилница со група наставници и научни работници на тема отворени образовни ресурси.

mediumski-item-img-1.png

22.06.2012

Одржана тридневна работилница за дигитални приказни во Струга

Од 19 до 21 јуни, во Струга се одржа работилница за дигитално раскажување приказни во соработка со организацијата Фридрих Еберт на која учествуваа 15 луѓе, кои изработија 7 различни видеоприказни. Темата на работилницата гласеше „Дружење во мултиетничка средина“, а секоја приказна во себе носи некоја специфична порака која се однесува на животот во овој град […]

mediumski-item-img-1.png

14.06.2012

Повик за пријавување на учество во тромесечна обука за граѓани-новинари на интернет

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за пријавување на учесници кои ќе поминат тромесечна обука за граѓанско новинарство на интернет. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со технички вештини за создавање на мултимедијални информации, но и да се запознаат со правилата за создавање на содржини на веб преку обука и работа со експерти од областа. Процесот […]

mediumski-item-img-1.png

13.06.2012

Се одржа уште една обука за новинари – опфатени 4 редакции

Во периодот 11-13 јуни се одржа четвртата обука за новинари од проектот за зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството. Обуката се одвиваше во просториите на Метаморфозис, а ја посетија 9 новинари и пиармени од редакциите на: Дојче Веле, Радио Слободна Европа, Скај.мк, Порталб, како и од Партес продукција, ТАКСО и од Конект.