mediumski-item-img-1.png

30.04.2012

Одржани 2 обуки за мултимедијални вештини на интернет за редакциите на Канал 77 и Скај

По спроведувањето на првата обука од проектот за зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството, фондацијата Метаморфозис реализираше уште 2 вакви обуки, со кои беа опфатени 2 дополнителни редакции.

mediumski-item-img-1.png

14.03.2012

Обуки за мултимедијални вештини на интернет наменети за новинари

Фондацијата Метаморфозис започна со спроведување на проект за зголемување на знаењата и вештините на новинарите со цел нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

06.03.2012

Македонските партнери од проектот за децентрализирана соработка со Долна Нормандија посетија обука за wiki.mk

На 06.03.2012 година, во просториите на фондацијата Метаморфозис се одржа обука за користење на вики-платформата преку практична работа на веб-сајтот wiki.mk. Оваа обука беше наменета за македонските партнери во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија.

mediumski-item-img-1.png

05.03.2012

Обука за wiki.mk за македонските партнери од проектот за децентрализирана соработка со Долна Нормандија

На 6 март, 2012 година, во просториите на фондацијата Метаморфозис ќе се одржи обука за користење на вики-платформата преку практична работа на веб-сајтот wiki.mk. Обучувач ќе биде претставник од Метаморфозис, а целта е да им се овозможи техничка едукација на македонските партнери во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, која може да им помогне во подобра промоција и видливост на нивната работа на Интернет.

mediumski-item-img-1.png

03.10.2011

Обучени нови кандидати кои ќе придонесуваат за wiki.mk

Како дел од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, во текот на изминатите 2 недели, се одржаа 4 обуки за користење вики-сајтови. Од нив, првите 3 беа фокусирани на уредување содржини на вики-сајтови (23, 28 и 30 септември), а четвртата беше наменета за администратори (1 октомври). Овие обуки се продолжување на циклусот обуки кои се одржаа во април оваа година во Дебар, Велес и Скопје.

mediumski-item-img-1.png

26.09.2011

Одржана обука за уредување на Вики-содржини

На 23.09.2011, во просториите на Фондацијата Метаморфозис, се одржа обука за уредување вики-содржини за Македонија. На оваа обука беа присутни 7 учесници од Скопје, Велес, Куманово и Прилеп. Учесниците имаа можност да се запознаат со вики-софтверот и неговата употреба, како и да научат да уредуваат текст, да создаваат врски и да додаваат наводи, да уредуваат слики, мултимедија, табели, категории и страница за разговор.

mediumski-item-img-1.png

30.03.2011

Одржана обука за националната мрежа за застапување при управување со е-отпад

Во периодот од 16ти до 18 март, во Струмица се одржа обука за македонската национална мрежа од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“. Целта на обуката беше да се зајакнат вештините на организациите од националната мрежа, за да можат да застапуваат за подобро управување со е-отпад во Македонија.

mediumski-item-img-1.png

16.02.2011

Учество на обука за односи со јавност и политичка комуникација

Во периодот од 27-29 јануари 2011 година, двајца претставници од Фондацијата Метаморфозис присуствуваа на тренинг модул во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на тема Односи со јавност и политичка комуникација, организиран од страна на Националниот демократски институт (НДИ).

mediumski-item-img-1.png

25.01.2011

Спроведена обуката за анимирање, изработување карикатури и цртани филмови

Обуката за анимација, изработка на карикатури и цртани филмови која траеше два дена (21 и 22 јануари) заврши успешно со присуство на 10 учесници. Во улога на обучувачи беа тројца аниматори од неколку јавни точки за пристап до дигитални технологии во Долна Нормандија. Двата дена од обуката се работеше на различни техники. Првиот ден се […]

mediumski-item-img-1.png

29.12.2010

Најава: BEWMAN Тренинг за тренери

Како дел од проектот BEWMAN, во периодот од 6ти до 10ти февруари, фондацијата Метаморфозис во соработка со Computer Aid International ќе организира Тренинг за тренери, со цел да се пренесе знаење и научени лекции од ЕУ на балканските земји вклучени во проектот.

mediumski-item-img-1.png

28.10.2010

Обука за промоција на складиштето на Економскиот институт

Вчера, во просториите на Метаморфозис, се одржа обука за користење на социјалните медиуми, како алатки за промоција на складиштето со отворен пристап поставено на Економскиот институт во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

18.10.2010

Обука за анимација и карикатури во соработка со регионот Долна Нормандија

На 21 и 22 јануари, во просториите на Фондацијата Метаморфозис ќе се одржи обука за анимација и изработка на карикатури на која ќе учествуваат по двајца претставници од три дигитални клуба во Македонија, како и вработените во организацијата задолжени за пренесување знаење. Обуката ќе се реализира во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија […]