mediumski-item-img-1.png

10.12.2013

Веб-апликација за поддршка на Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија

По објавувањето на Декларацијата за отворени образовни ресурси во октомври годинава, Алијансата за отворени образовни ресурси ја промовира веб-апликацијата за потпишување на Декларацијата за отворени образовни ресурси која овозможува сите заинтересирани да ја изразат својата поддршка преку електронско потпишување.

mediumski-item-img-1.png

11.11.2013

Доделени наградите на Светскиот самит 2013

Конгресот за наградите на Светскиот самит 2013 се одржа во Коломбо, Шри Ланка, во периодот од 23 до 26 октомври. Овој настан ги собира на едно место најдобрите ИКТ иновации и најновите дигитални производи од сите краеви на светот, со цел да се претстават на глобалната сцена на светскиот конгрес за дигитални содржини.

mediumski-item-img-1.png

10.07.2013

Промоција на веб-сервисот „Следи ги парите“

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, Скопје. 

mediumski-item-img-1.png

31.05.2011

Вистиномер.мк овозможува увид во резултатите од ветувањата на политичките субјекти

Преку објавување на Вистиномер.мк , Фондацијата „Метаморфозис“ става на располагање на јавноста уште една алатка за зголемување на отчетноста и одговорноста на партиите пред граѓаните. Вистиномер.мк ги анализира ветувањата на политичките субјекти и ги презентира во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано ветување добива оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето. Ветувањата кои се нелогични или искажани на начин што оневозможува да се проверат се означени како недоследни.

mediumski-item-img-1.png

27.05.2011

Гласомер.мк овозможува граѓаните да дознаат со која партија најмногу се согласуваат

За првпат во историјата на македонската демократија, преку веб-апликацијата Гласомер.мк граѓаните имаат можност директно да ги споредат политичките понуди на партиите што учествуваат во избори со своите ставови и мислења.

mediumski-item-img-1.png

18.05.2011

Ping.mk освежен со нов изглед

Од неодамна, веб-сајтот Ping.mk доби комплетно нов изглед со кој се олеснува пристапот до новите препораки кои и понатаму произлегуваат од агрегаторот што работи во заднина.

mediumski-item-img-1.png

14.07.2010

Лансиран веб-сајтот „Дигитални складишта“

Фондацијата Метаморфозис објави нов веб-сајт наменет за високо-образовните, истражувачките и воопшто за сите институции кои планираат да воспостават дигитално складиште за архивирање на своите документи, трудови, софтвер, наставни ресурси, мултимедијални фајлови и сл. Веб-сајтот „Дигитални складишта“ е адаптација на содржините од инфо-алатката „Digital Repositories“ објавена од JISC infoNet. Достапен е на македонски јазик, а набрзо ќе биде пуштен и на албански.

mediumski-item-img-1.png

11.07.2010

Објавена виртуелна машина со DSpace на македонски и албански

Бесплатниот софтвер за креирање и објавување на дигитални складишта DSpace, отсега е достапен како виртуелна машина во OVF (Open Virtualization Format) која може да се постави и пушти во функција за помалку од 1 час во зависност од конфигурацијата на серверот на кој се инсталира.

mediumski-item-img-1.png

29.03.2010

Се креираа првите блогови од проектот „Социјални медиуми за демократија“

На првиот циклус на обуки од проектот „Социјални медиуми за демократија“, одржани во периодот од 23 до 26 март, се креираа првите четири блогови за застапување на одредена кауза. Учесници на обуката беа претставници на невладини организации и индивидуални активисти. Обуката беше спроведена во соработка со Младинскиот образовен форум. 

mediumski-item-img-1.png

14.12.2009

Ping.mk – нов агрегатор на локални е-содржини

Од неодамна официјално е пуштен во употреба Ping.mk. Веб-сајтот претставува агрегатор на е-содржини кои се собираат автоматски преку претходно задавање на РСС фидови до веб-сајтови или тематски посебни делови од нив. Покрај тоа, тој овозможува и додавање на поединечни написи, гласање за поставените линкови, креирање на тематски групи, коментирање, споделување, како и преглед на најдоброто и најинтересното од сè што е поставено и агрегирано во даден момент.

mediumski-item-img-1.png

30.12.2008

Одбрани македонските претставници за Наградата на Светскиот самит

Мултидисциплинарното Жири на Наградата на Светскиот самит за информатичко општество – Македонија ги одбра македонските претставници за глобалниот натпревар. Прочитај повеќе…

mediumski-item-img-1.png

24.12.2008

Пријавените проекти за WSA 2009 претставени пред жирито

На 23 декември во просториите на Стопанската комора на Македонија беа презентирани повеќето од пријавените проекти за Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA). Жирито имаше можност да погледне кратка презентација од секој од претставниците на проектите, како и да им постави прашања. Листата на пријавени проекти може да ја погледнете на сајтот на WSA Македонија.