Отворен пристап

„Отворениот пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.“ Ова е вториот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на […]

Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа

Оваа публикација ги претставува препораките за стандарди за ИКТ за интер и интракомуникација во државната управа.Со оглед на фактот дека анализите беа изведени во соработка со Владата на РМ и нејзините тела, како и со оглед на фактот дека во процесот на формулирањето на препораките активно учествуваа претставници на професионалната и стручната јавност во Македонија, […]

Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места.

Прирачник за Едубунту Линукс: Како да го направите компјутерот полесен за употреба

Edubuntu Linux е слободен оперативен систем базиран на Ubuntu Linux. Тој стандардно доаѓа со работната околина GNOME која што во себе содржи многу опции за пристапност. При дизајнот на секоја апликација и алатка во работната околина GNOME земени се предвид сите фактори кои би овозможиле зголемена пристапност и употребливост за сите корисници. Благодарение на посебните […]

Нацрт-кодекс за заштита на приватноста на Интернет

Заштитата на личните податоци е фундаментално човеково право. Сопствениците на веб-сајтовите се контролори на личните податоци на нивните корисници. Нивна обврска е да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци и одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Овој Кодекс претставува алатка која се заснова на начелата врз кои е донесен Законот за […]

Насоки за информациска сигурност

Воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општестве ното и деловното опкружување е базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество. Од друга страна, заложбата за создавање на услугите и содржините базирани на ИКТ (Информатички и комуникациски технологии) е еден од основните предуслови за зголемување на квалитетот на животот, но и за фаќање […]

Прирачник „е-Бонтонˮ

Правила за добро однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.