ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО РАДИОДИФУЗИЈАТА ВО РМ

Проектот ги истражува и ги анализира сите прашања поврзани со актуелните состојби настанати како резултат на процесот на дигитализација во радиодифузијата. Добиените сознанија ќе бидат интегрирани во еден финален Документ кој покрај собраните податоци и анализи ќе содржи и препораки за тоа во кои насоки ќе биде потребно да се унапредува дигитализацијата во радиодифузијата во […]

TechSoup Северна Македонија, Албанија, Косово

Фондацијата Метаморфозис ја спроведува програмата на TechSoup за донации на софтвер од 2014 година, поддржувајќи ги граѓанските организации во Северна Македонија, Косово и Албанија. Програмата нуди широк спектар на софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки, од кои се бара единствено да плаќаат административна такса. Овие донации се достапни за организации со статус на […]

Мрежа на граѓански организации за отворени податоци

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation го спроведува проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија. Проектот ќе ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат […]

Вистиномер

Вистиномер.мк, преку тим на стручни лица од соодветните области, ги анализира ветувањата на политичките субјекти и ги презентира во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано ветување добива оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето. Ветувањата кои се нелогични или искажани на начин што оневозможува да се проверат […]

Политички спектар

Политичкиот спектар овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини. Перцепцијата на себеси и другите Економија Социјална политика, образование, култура, медиуми Лични права (општествени вредности, религија, секс) Политички систем, ред и поредок Прашањата ја утврдуваат генералната […]

Слобода на изразување и говор на омраза

Проектот се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на специфични цели со цел да се надградат нивните способности за користење на новите технологии, во комбинација со лидерски вештини и вештини за критичко размислување кои не се обезбедени од државниот образовен систем (реторика, аргументирано пишување). Примарните корисници на проектот ќе оформат основна […]

Акциска мрежа за добро владеење

Проектот има за цел да ги засили напорите на граѓанските организации во обраќањето и подобрувањето на доброто владеење преку обезбедување на алатки, вештини и знаења со цел подобрување на нивната работа, како и преку грантови за спроведување на конкретна иницијатива. Со овие алатки и обуки, локалните граѓански организации значително ќе ги подобрат хоризонталните врски со […]

PORTALB.MK – Независен новински портал на албански јазик

PortAlb.mk го води тим професионални новинари кои се стремат да го надминат недостатокот на релевантни е-содржини на албански јазик за Македонија и странство. Тимот составен од млади, но истовремено искусни новинари, има за цел да понуди поширока палета на вести, кои ги надминуваат лингвистичките и другите бариери меѓу медиумските сфери во земјата и регионот преку […]

Гласомер

Со објавување на Гласомерот, Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје во соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Сараево и ЛиНет од Белград, ја продолжи регионалната иницијатива за примена на нови технологии за едукација на гласачите и поголема транспарентност на политичките субјекти поддржана од американската непрофитна фондацијаНЕД, финансирана од Конгресот на САД, како дел од напорите за […]

Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со основна цел да придонесе за поттикнување на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за иновативна соработка во која се вклучени различни чинители и тоа од повеќе нивоа: локално, регионално и национално. Носители на оваа институционална соработка за развој на локалната демократија се Регионалниот Совет на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија.

Слобода на интернет

Активностите од овој проект ќе имаат за цел да го зголемат капацитетот на целните групи за онлајн активизам преку блогирањето во целина, со посебен акцент на анонимното блогирање, како и за интернет-новинарство, во зависност од околностите на различните целни групи. Овој пристап се состои од две компоненти: знаења и вештини од една страна, и мотивација да се користат од друга страна. Иако техничките аспекти се од суштинско значење, бидејќи употребата на новите медиуми овозможува побрза и поширока мултилатерална комуникација, моралниот аспект е од клучно значење за успехот на проектот.

Отворени образовни ресурси

Општата цел на проектот е да се придонесе кон развојот на критичко размислување и демократизација во Македонија преку конструктивна употреба на нови технологии како алатки за зголемување на количеството и квалитетот на образовни, научни и академски е-содржини.