Издаваштво

Македонија: 88% од кандидатите за државни службеници се пријавуваат преку интернет

Македонија: 88% од кандидатите за државни службеници се пријавуваат преку интернет

јули 19, 2007

Во текот на мај и јуни 2007 година, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување за веб-сајтот Пријава преку интернет на Агенцијата за државни службеници. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето и искуството на кандидатите за работни места на државни службеници за апликацијата која овозможува пријавување на конкурсите преку интернет.

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

јуни 20, 2007

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс.

Презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку eIFL

Презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку eIFL

ноември 3, 2006

Во периодот од 23 до 31.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“.

Излезе вториот број на е-билтенот на Метаморфозис

Излезе вториот број на е-билтенот на Метаморфозис

октомври 18, 2006

На 17 октомври 2006 година излезе вториот број на е-билтенот на Фондацијата Метаморфозис. Во е-билтенот покрај стандардните вести за ИКТ од Македонија и од светот и за активностите на Метаморфозис, поместени се и два авторски текстови за работата на е-рајдерите и за конвертирање на текстови во кирилична поддршка. Првиот број на е-билтенот беше дистрибуиран до 238 адреси за електронска пошта и наиде на позитивен прием од страна на читателите. Кликнете на повеќе за некои од нивните коментари

Извештај од првиот состанок на Работната група за лиценците Криејтив Комонс за Македонија

Извештај од првиот состанок на Работната група за лиценците Криејтив Комонс за Македонија

октомври 13, 2006

На состанокот присуствуваа Јадранка Дабовиќ – Анастасовска и Неда Здравева од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Славе Димитров, Деан Ќуркчиев и Слободан Ивановски од здружението на автори на музички дела на Република Македонија „Шпато“ и здружението „Комип“, Билјана и Александар Јоанидис од адвокатската и патентна канцеларија „Јоанидис“, Мијалче Ѓорѓиев, блогер, и Бардил Јашари, Филип Стојановски, Јован Петров и Николче Мицкоски од Фондацијата „Метаморфозис“

Каталог за електронски услуги на локалната власт

Каталог за електронски услуги на локалната власт

септември 25, 2005

Во рамките на проектот е-Локална самоуправа, организиран и поддржан од Проектот за успешна децентрализација на УСАИД и Метаморфозис – фондација за одржливи информатички решенија, беше спроведено истражување во 10 општини низ Македонија. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето на граѓаните за тоа кои услуги на општините сметаат дека треба први да се направат достапни по електронски пат.

Водич за информатички и комуникациски технологии (ИКТ)

Водич за информатички и комуникациски технологии (ИКТ)

август 16, 2005

Ова е првиот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и Панос Лондон, и е наменет за оние коишто не се стручни, а особено за новинарите, кои сакаат да пишуваат за прашањата поврзани со информатичкото општество околу втората фаза на Светскиот самит за информатичко општество (ноември 2005 година).

Над 96% од кандидатите за градоначалник немаат свои веб-сајтови

Над 96% од кандидатите за градоначалник немаат свои веб-сајтови

март 7, 2005

Анализата на Фондацијата Метаморфозис покажува дека 96% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција, а повеќето од оние кои го користат употребуваат мал дел од неговите можности за комуникација со граѓаните.

Страна 5 од 5