Настани

Кон следната фаза: Работилница за партнери на MTM и FTS

Кон следната фаза: Работилница за партнери на MTM и FTS

април 3, 2026

На 31 март и 1 април 2026 година, претставници од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup одржаа интензивна работилница посветена на планирање и рефлексија на активностите во рамките на Регионалниот механизам за поддршка (EECA). Дискусиите започнаа со преглед на временската рамка на проектот, проценката на потребите и резултатите од повикот за предлози за грантови, постигнувајќи заедничко разбирање […]

Одржана конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028

Одржана конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028

април 3, 2026

Денеска, во организација на Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ и Центарот за граѓански комуникации се одржа Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028. На конференцијата присуствуваа програмската директорка на Фондација Метаморфозис, Данче Даниловска-Бајдевска, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, […]

Партнерство за отворена власт – Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на НАП за ПОВ 2026 – 2028

Партнерство за отворена власт – Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на НАП за ПОВ 2026 – 2028

март 27, 2026

Министерството за јавна администрација, во соработка со Метаморфозис фондација и Центарот за граѓански комуникации, организира Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028, која ќе се одржи на 2 април (четврток) 2026 година во Клубот на органите на државната управа со почеток во 11.00 часот. Конференцијата ќе […]

Одржана седма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

Одржана седма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

февруари 26, 2026

Се одржа седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт2024–2026, на која беа разгледани и дискутирани клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството. На седницата активно учествуваа 12 членови и 4 заменик-членови на Советот. Министерството за јавна администрација обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на […]

Одржана јавна расправа за нацрт – Законот за отворени податоци

Одржана јавна расправа за нацрт – Законот за отворени податоци

јануари 28, 2026

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис на 28-ми јануари 2026 година, во Центарот за иновации Инокс организираше јавна расправа за текстот на нацрт- Законот за отворени податоци и реупотреба на податоците од јавниот сектор. На јавната расправа присуствуваа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претставници на Фондација Метаморфозис, на министерството, на граѓански […]

„Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк

„Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк

декември 11, 2025

Дигиталната трансформација мора да значи подобар живот, услуги без редици и без страв од злоупотреба на податоците и без бескрајни бирократски чекори. Ако тоа не го добиваме, тогаш не сме трансформирале ништо, само сме додале дигитален слој врз неефикасноста, истакна извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бaрдил Јашари во своето воведно обраќање. Отворањето на 21-та меѓународна […]

Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам

Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам

ноември 27, 2025

Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, учествуваше на средба на конзорциумот на партнерите од Програмата за дигитален активизам. Состанокот се одржа во Сараево, непосредно пред меѓународната конференција Мегафон 2025. Програмските партнери се собраа во Сараево на два дена интензивно поврзување, размислување и планирање за иднината. Фокусот на средбата беше, како преку Програмата за дигитален […]

Save the date: Фондација Метаморфозис го најавува 21-во издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“

Save the date: Фондација Метаморфозис го најавува 21-во издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“

ноември 26, 2025

На 10-ти декември 2025 година во хотел „Холидеј ин“ (Скопје), ќе се одржи 21-вото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк на тема „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација“. Оваа година, конференцијата ќе се осврне на тоа како брзиот технолошки напредок ги преобликува демократската отпорност, човековите права и општествената доверба во еден сè повеќе меѓусебно поврзан свет. Дигиталната трансформација носи огромен потенцијал […]

Метаморфозис учествуваше на работилницата на CarGrow 2.0 во Битола

Метаморфозис учествуваше на работилницата на CarGrow 2.0 во Битола

ноември 24, 2025

На 19 ноември 2025 година, во просториите на Europe House Битола, се одржа локална работилница на CarGrow 2.0, граѓанската алијанса која го следи и поддржува спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Работилницата имаше за цел да ја претстави улогата на CARGrow 2.0 како граѓанска алијанса за следење на реформите и да поттикне вклучување […]

Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

ноември 20, 2025

Дезинформациите најмногу се шират на ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и платформата Х, а регулацијата на социјалните мрежи е речиси непостоечка, беше кажано на презентацијата на извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“ кој Фондацијата Метаморфозис го промовираше денеска заедно со партнерите од Интернешенал ИДЕА во рамки на Деновите на медиумска […]

Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

октомври 29, 2025

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]

Слобода на медиумите, предуслов за проширување на ЕУ

Слобода на медиумите, предуслов за проширување на ЕУ

октомври 28, 2025

За да напредуваат на патот кон европска интеграција, земјите кандидати од Западен Балкан треба да обезбедат вистинска слобода и плурализам на медиумите. За Црна Гора и Северна Македонија, тоа значи да не останат само на формални ветувања, туку преку конкретни постапки да покажат дека демократските реформи се реална заложба, а не само зборови на хартија. […]

Изработени планови за дигитална безбедност за шест невладини организации

Изработени планови за дигитална безбедност за шест невладини организации

септември 12, 2025

Во рамките на проектот „СајберШтит: омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис одржа три обуки за сајбер безбедност, за организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани. Како продолжение на обуките, Фондација Метаморфозис подготви планови за дигитална безбедност за шест граѓански организации кои работат со маргинализирани групи. Целта на персонализираните планови за дигитална безбедност е […]

Покана за тематски форум „Отворена општина – активна заедница“

Покана за тематски форум „Отворена општина – активна заедница“

септември 3, 2025

Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 24 септември 2025 година организираат тематски форум „Отворена општина – активна заедница“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука. Сузбивањето на корупцијата е клучно за довербата во локалната власт, демократијата и доброто […]

Страна 1 од 49