Курсеви

Подобра ефективност преку клауд технологии

Подобра ефективност преку клауд технологии

октомври 16, 2014

Овие курсеви нудат знаење за придобивките и ризиците, како и препораки за користење на клауд технологии и чекори за подобрување на вашите бази на податоци и како да ги намалите трошоците преку транзиција кон клауд компјутерски модел.

Управување со е-отпад

Управување со е-отпад

октомври 16, 2014

Овој курс ви нуди знаење за поеколошка електроника преку преглед на условите за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.

Компјутерска писменост

Компјутерска писменост

октомври 16, 2014

Овој курс ви нуди знаење и можност да ги користите компјутерите и сродните технологии ефикасно, преку споделување на широк опсег на вештини покривајќи различни нивоа, почнувајќи од основните вештини за употреба се до програмирање и напредно решавање на проблеми.

Онлајн безбедност

Онлајн безбедност

октомври 16, 2014

На овој курс ќе добиете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.  

Принципи на отворена влада

Принципи на отворена влада

октомври 16, 2014

Овој курс ви овозможува да научите  за владејачката доктрина која се залага дека граѓаните имаат право на пристап до владини документи и процедури со цел ефикасен јавен надзор, како и да ви овозможи да дознаете повеќе за тоа како да пристапите до работата на владата.

Промоција преку социјални медиуми

Промоција преку социјални медиуми

октомври 16, 2014

Курсевите за промоција преку социјални медиуми се фокусираат на креирањето на содржини кои привлекуваат внимание и го поттикнуваат читателот да ги сподели истите на своите социјални мрежи. Овие курсеви нудат детални инструкции за како: Да ја промовирате  содржината на вашиот блог или на вашата одредишна страница преку социјални медиуми Зголемете ја посетеноста на вашата веб-локација и […]

Дигитални приказни

Дигитални приказни

октомври 16, 2014

Курсот се однесува на куса форма на продукција на дигитални медиумски записи кои им овозможуваат на луѓето да споделуваат аспекти од своите животни приказни. „Медиумски записи“ може да подразбира дигитален еквивалент на филмски техники, анимација, фотографии, аудио записи или било која друга форма на медиумски запис кој не е физички (материјал кој постои само како електронски […]

Говор на омраза на Интернет

Говор на омраза на Интернет

октомври 16, 2014

Целта на обуката е да се научи како да се препознава говорот на омраза онлајн во сите негови форми, вклучувајќи ги оние кои најмногу ги засегаат младите, како што се сајбер насилството и сајбер омразата. Обуката се фокусира на употребата на социјални медиуми за социјална интеракција и демократска вклученост.

Онлајн новинарство

Онлајн новинарство

октомври 9, 2014

Со напредокот на електронските медиуми дојде до зголемување на побарувачката за одговорни новинари – професионалци со вештини и знаење да ги користат новите медиуми и да се емитува навремено информирање на јавноста. Со овој курс, учесниците ќе научат за правата и обврските на медиумските професионалци во една демократија.

Видео активизам

Видео активизам

јули 18, 2014

Преку оваа обука учесниците се запознаваат со значењето и историјата на видео-активизмот, неговото препознавање и улогата во секојдневниот живот. Воедно, на обуката учесниците стекнуваат вештини за напредно, мануално управување со камера, за напредна обработка на снимките и изработување на естетски попријатни и помоќни видео снимки.

Фото-активизам

Фото-активизам

јули 18, 2014

Преку оваа обука учесниците се запознаваат со значењето и историјата на фото-активизмот, неговото препознавање и улогата во секојдневниот живот. Воедно, на обуката учесниците стекнуваат вештини за напредно, мануално управување со фотоапарат, за напредна обработка на фотографиите и изработување на естетски попријатни и помоќни фотографии.

Онлајн активизам

Онлајн активизам

јули 18, 2014

Курсот нуди нови гледишта кон улогата која активистите ја играат при залагањето за слободно и отворено општество. Фокусот е на употребата на технологијата и онлајн алатките за мобилизирање и организирање на поддржувачи, како и за градење на онлајн комуникација.