Со информацијата дека по предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ќе донесе одлука за распишување тендер за избор на трет мобилен оператор, во јавноста почнаа да се лиферуваат имиња на потенцијални заинтересирани компании. Се споменуваат британските: “Водафон” и “Оринџ”, од кои онаа првата, која е присутна во Грција и во Албанија, ќе настапела заедно со грчката компанија “Космотелко” која неодамна ги продаде своите акции што ги имаше во Телеком на доминантниот сопственик “Матав”, потоа некоја американска компанија, но има и такви информации дека наводно концесијата ќе ја добиела фирма од Франција, која конкурирала во Косово, па дури и тоа дека сигурно ќе била германска компанија, која ќе дојде “заедно” со Тео Вајгел, од кој Владата се уште чека одговор дали прифаќа да биде нејзин советник за економски прашања. Сепак, ваквата најава предизвика и изненадување, меѓу другото и во круговите на владејачката партија, од кои некои дури коментираа дека од тоа нема брзо да биде ништо и дека се работи за маркентишки потег, а другите пак, го поздравуваат како вистински чекор да се сопре политиката на “договорени” цени, што гарантира и големи профити на “Мобимак” и “Космофон”. Министерот за финансии Никола Поповски намерата да се донесе одлука за распишување на тендер за трет мобилен оператор ја коментира како чекор, кој сега се прави од причина што во новиот Закон за електронски комуникации, кој е во собраниска процедура, е предвидена посложена постапка. Овој