CATEGORY

Европски ден за заштита на личните податоци

По повод Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари 2010, Дирекцијата за заштита на личните податоци организира Отворен ден за граѓаните. Во просториите на ЕУ Инфо центарот ќе бидат поставени четири информативни пултови на кои ќе бидат презентирани препораки и совети за заштита на личните податоци од областа на здравство, интернет, видео надзор и правна заштита на личните податоци.

6516F0E3B07A2A4183E44908B6726D66

Регионална конференција за образование на Microsoft: „Вистинско влијание за подобро образование“

Microsoft Македонија и Public Sector Microsoft CEEIt во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија организираат Регионална конференција за образование на 4 декември, 2013 година во хотелот Александар Палас. Ова е можност да се научи како да се користи технологијата за подобрување на образованието и учењето, за создавање можности и подигнување на животниот стандард на луѓето во земјата. Учествувајте на настанот на кој ќе бидат изложени решенија и најдобри практики кои му вдахнуваат живот на учењето во и надвор од училницата, овозможувајќи им на лидерите во образованието да изградат нова перцепција за начинот на кој технологијата може да го модернизира учењето и да ги подобри резултатите.Организаторите на настанот сметаат дека:1 ) Одличното образование е основно право и општествен императив2 ) Технологијата може да ги забрза учењето и влијанието3 ) Ефикасното, впечатливо учење дава подобри резултати4 ) Заедниците на посветени учесници кои се отворени за соработка, се важни за унапредување на образованиетоРегистрирајте се за учество на Регионалната конференција „Вистинско влијание за подобро образование“ и дознајте како може да започнете вистински да влијаете за подобро образование: Забрзување на економскиот раст Поддршка за младите Поттикнување локални иновации Справување со општествените промени Ова е ретка можност да се слушнат приказни за големи успеси и најдобри практики од истакнати директори на Microsoft и од експерти во областа на образованието, да се видат вистински проекти на наставниците, но и одлична можност за вмрежување и размена на

DSC 0270

Конференција „е-Власт и Отворени денови на СЕЕИТА“

На 24 и 25 октомври 2013 година во Скопје, Комората за информатичка и комуникациска технологија – МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства – ADETEF и Француската агенција за промоција на извозот – UBIFRANCE ја организираа конференцијата „е-Власт и Отворени денови на СЕЕИТА“. Конференцијата обезбеди можност за разните засегнати страни да ги споделат нивните перцепции околу тековната состојба со развојот на системите за е-власт во Македонија и плановите за во иднина. Покрај тоа, конференцијата обезбеди и преглед на искуствата од Франција во областа на развојот на е-власт. Сите материјали од конференцијата се достапни на интернет, на веб-локацијата www.seeita.org.     Како претставник на фондацијата Метаморфозис, програмскиот координатор Филип Стојановски учествуваше во „Тркалезна маса за побарувачката“ на 24 октомври, претставувајќи ги потребите во областа на развојот на е-владеењето изразени од страна на граѓаните на Македонија преку разни средства, вклучувајќи анкети, написи на блогови, друштвени медиуми и форуми. Which e-government services are Macedonian citizens asking for? from Metamorphosis Презентацијата се осврна на влијанието од поставувањето приоритети за развојот на услугите за е-власт во кластерот за генерирање приходи во текот на последната деценија за потребите на државните институции, што резултира со отворање простор и можности за развој на нови услуги кои директно ќе им излезат во пресрет на потребите на граѓаните. Бидејќи граѓаните стануваат сè пософистицирани во

Фронт за слобода на изразувањето: Со Кежаровски во затвор заминува и слободата на изразувањето

Фронтот за слобода на изразувањето смета дека затворската казна од 4,5 години  за новинарот Томислав Кежаровски, претставува уште еден тежок удар врз слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија. Пресудата против Кежаровски претставува закана за сите новинари кои информираат за работата на полицијата, правосудните органи, но и на сите други државни институции, во иднина, да внимаваат што и како ќе известуваат, затоа што, можат да бидат осудени со драконски казни, без разлика дали известувале вистинито и дали притоа ги штителе интересите на граѓаните.Фронтот за слобода на изразување бара од повисоките судски инстанци, во жалбената постапка, да ја укинат оваа скандалозна пресуда и да го ослободат Кежаровски од одговорноста за непостојно дело. Колегата Кежаровски е осуден заради совесно вршење на основната новинарска задача – известување на јавноста за прашања од јавен интерес – како што е во случајов, разоткривањето на злоупотребите на институтот заштитен сведок од страна на полициските и правосудните органи. Во спротивно, потврдената затворска казна за Кежаровски, ќе значи и затворска казна за слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Република Македонија.Фронтот за слобода на изразувањето (sloboda.kauza.mk) е широка платформа составена од поединци, организации, институции и неформални групи кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – зачувување и унапредување на основното човеково право – слободата на изразување во, првенствено во Република Македонија, но и секаде во светот. Фронтот го сочинуваат следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови

Метаморфозис, ЦРМ и НВО Инфоцентар од Македонија бараат заштита на приватноста на комуникациите на интернет од неконтролиран надзор и следење

Фондацијата Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми и НВО Инфоцентарот се придружуваат кон големата меѓународна коалиција и бараат од Република Македонија да процени дали националното законодавство и активности на полето на следењето на комуникациите се во согласност со преземените меѓународни обврски во областа на човековите права. Нашите организации ги поддржуваат предложените тринаесет меѓународни принципи против неконтролираното следење и надзор на комуникациите. Овие принципи, за прв пат во историјата, воспоставуваат рамка за оценување на практиките на следење и надзор, во контекст на меѓународните обврски на полето на човековите права. 13-те принципи претставени пред Советот за човекови права се: законитост на ограничувањата на приватноста; ограничувањата да имаат легитимна цел и да се нужни; следењето на комуникациите да биде соодветно и пропорционално на зацртаната цел; одлуката за следење да ја носи надлежно правосудно тело; да бидат почитувани правата на граѓаните и тие да бидат правовремено известени за следењето на нивните комуникации; користењето на следењето на комуникациите да биде транспарентно и подложно на јавен надзор; да се обезбеди интегритетот на комуникациите и системите; да се обезбедат заштитни средства во меѓународната соработка; како и да има заштита од незаконит пристап кон комуникациите. За да се зајакне довербата на граѓаните во државните институции, а истовремено да се обезбеди нивно демократско функционирање, во Македонија задолжително треба да се воспостават механизми за цивилна контрола и отчетност на државните служби што имаат овластување и поседуваат опрема за следење и надзор на комуникациите

Фронт за слобода на изразување реагира на изјавите на Министерот за информатичко општество

Злонамерно уривање на угледот на граѓанското општествоФронтот за слобода на изразување нема намера да влегува во дебата онаму каде што очигледно нема волја за такво нешто. Сепак, ја користиме оваа прилика да истакнеме дека од интервјуто на Министерот за информатичко општество за Утрински весник (1.9.2013) се гледаат сериозни недостатоци на познавање на поимот граѓанско општество. Воедно, грубо се етикетираат и се обвинуваат невладините организации во земјата дека се намерно негативни во поглед на медиумските закони, со цел да се стекнат со финансии. Тоа е во потполност неточно и го доживуваме како злонамерно уривање на угледот на граѓанското општество. Како министер за информатичко општество, ваквото однесување непријатно изненадува, како што изненадува фактот на непознавање на граѓанското општество во Република Македонија. Обидувајќи се да останеме позитивни и конструктивни, ова ќе го припишеме на незнаење, а не на ароганција и деструктивна политичка ориентација. Го уверуваме Министерот дека како организации, сакаме, можеме и постоиме за да дадеме позитивен, конструктивен и компетентен придонес за подобрување на состојбите во доменот на човековите права, демократијата, владеењето на правото, а со самото тоа и на правото на слобода на изразување. Тоа е област каде што токму споменатите закони се деструктивни, назадни и сосема непотребни. Министерот би можел да земе предвид дека е по малку и здодевно постојано да поаѓаме од мртва точка и да се занимаваме со теми и проблеми од кои страдаат недемократски земји. Нашите колешки и колеги од регионот

Македонија: Фронтот за слобода на изразување бара повлекување на медиумските закони од собраниска процедура

Фронтот за слобода на изразување бара од Собранието на Република Македонија, да ги повлече од процедура предложените закони: закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи. Голем дел од прашањата што овие закони наводно ги решаваат се веќе опфатени со Законот за радиодифузија, Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Едновремено, новите медиумски закони игнорираат клучни фактори што овозможуваат корупција на медиумите со јавни пари и некарактеристично за демократски општества, се мешаат во сферата на саморегулација на новинарската професија. За неприфатлива ја сметаме постапката на предлагачот на новото медиумско законодавство, да глуми јавна расправа и конструктивност, да ги носи странските стручњаци консултирани во подготовката на законите, а по нивното заминување, со амандмани поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство, да ги врати во игра сите проблематични одредби што наводно беа сменети или исфрлени од предлог-законот за медиуми и предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Предложените закони, во сегашната верзија, можат само да ја зацврстат контролата што власта ја има врз најголемиот дел од медиумите во Македонија. Дополнително, давањето надлежност на новата, семоќна Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми, и врз печатените и онлајн медиумите, ја открива намерата да се воспостави контрола и врз овие медиумски сектори.Предложените закони не прават ништо да ја уредат или

Македонија: Европската Комисија не барала вакви закони за медиуми

Соопштение за печат на Делегацијата на ЕУ во име на Европската комисија во врска со нацрт-законите за медиуми По дебатата одржана оваа недела во Скопје во врска со нацрт-законите за медиуми и аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Европската комисија би сакала да ја разјасни нејзината улога во овој процес.Подготовката на новата легислатива за медиуми која треба да го замени постојниот Закон за радиодифузија започна во 2011 година на иницијатива на државните власти, а не на конкретно барање на Европската комисија.За делот од предложената легислатива кој се поклопува со правото на ЕУ (Директива на ЕУ за аудио-визуелни медиумски услуги), Европската комисија има извршено независна техничка експертиза и ја има ставено на располагање на владата во 2011, 2012 и 2013 година.Гарантирањето на слободата на изразување и другите основни права е предуслов за приклучување на земјата кон ЕУ, но кога и како точно ќе се реформира законодавството за медиуми на една земја е прашање за државните власти и чинители.Што се однесува до процесот, Европската комисија беше јасна од самиот почеток дека Владата треба да искористи доволно време за да осигури дека предложените закони се усогласени со европските стандарди и најдобри практики и дека консултациите со сите релевантни чинители се колку што е можно поинклузивни.Покрај овие законски акти, претстојниот годишен извештај на Комисијата ќе опфати и други, пошироки и отворени прашања во врска со околината за медиумите во земјата. Извор: eeas.europa.eu „Press statement of the EU Delegation

NMS-MKD-2

Основан е Националниот младински совет на Македонија

На 29-ти јуни во Струга беше основан Националниот младински совет на Македонија. Советот е основан од страна на 55 организации (младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии. Како што истакна Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Ивана Давидовска неговата мисија е да да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.Националниот младински совет на Македонија според Статутот кој што беше донесен ќе биде управуван од органите, Генерално собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и извршно тело – Секретаријат. Делегатите на Основачкото собрание ги избраа Ивана Давидовска (ЦИД) за Претседател,  Дона Костуранова (МОФ) – Потпретседател и членови на Управен одбор Иван Јованов (младите можат), Горан Георгиев (Сојуз на извидници на Македонија), Даниел Калајџиески (ХЕРА), Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата) и Анотнио Јовановски (Гоу Грин). Избраниот Управен одбор во текот на Основачкото собрание изготви и план за работење во наредните шест месеци. Според овој план НМСМ ќе се насочи кон поголемо промовирање на улогата на ова тело и начинот на кој што ќе биде да биде воспоставена соработката со институциите.Целите на НМСМ ги утврдуваат насоките според кои што ќе работи во иднина. Цели се: поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите; застапување и делување во името на интересите

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија. Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на интернет. Ова е неоправдано и непотребно и во голема мера ги надминува условите на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги 2010/13/ЕУ.Понатаму, премногу широките дефиниции (на пример, концептот новинари) и нејасни формулации создаваат ризик и можност за произволни толкувања од страна на државните регулатори, со што би се зголемил ризикот од поткопување на слободата на изразување.Подготовката на законот се одвиваше без ефективни консултации со релевантните чинители, како што се граѓанското општество и професионалните медиуми. Како резултат на тоа, на предвидените регулаторни органи им се даваат овластувања кои можат да ги применуваат без транспарентност и одговорност.Законот ја централизира моќта за изрекување високи казни и други санкции за медиумите и новинарите во само еден субјект; новата Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги којашто е под целосна контрола на владејачките политички партии. Владејачките партии можат да назначат 6 од 7 членови на одборот преку Собранието и Асоцијацијата на општини (ЗЕЛС).Спротивно на членот 16 од македонскиот устав кој категорично ја забранува цензурата, Законот за медиуми и овозможува на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги да наметнува ограничувања на слободата на изразување кои