ПРИВАТНОСТ И САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
февруари 3, 2021
Испреплетување на приватноста и безбедноста во дигиталниот свет се теми кои се секогаш актуелни во круговите на медиумите, активистите, граѓанските организации, и институциите. Преку овој сет на обуки, Фондацијата Метаморфозис се фокусира и на особено ранливите категории во дигиталната сфера - децата, учениците, тинејџерите, од кои, 99% секојдневно го користат интернетот. Покрај овие целни групи, граѓанските организации, активистите и новинарите често се изложени на безбедносни ризици и потребата од посигурна комуникација и размена на податоци е од суштинско значење за нив.