Европската Унија ја потпиша Конвенцијата 180 на Советот на Европа (СЕ), со која се утврдува меѓународен механизам за претходна нотификација на националните правила за онлајн услугите…
Европската Унија ја потпиша Конвенцијата 180 на Советот на Европа, со која се утврдува меѓународен механизам за претходна нотификација на националните правила за онлајн услугите, со што регулативите усвоени во една земја нема да се одразуваат на услугите во останатите земји членки, без претходна консултација со нив.
Овој механизам е заснован на системот на ЕУ за
транспарентност на законите содржани во директивата за нотификација 98/34/EC.
Целта на оваа конвенција е да ја зголеми, колку што е можно повеќе, транспарентноста и кохерентноста на националните правила за услугите кои ги нуди информациското општество, бидејќи овие услуги, речиси по дефиниција, досега беа обезбедувани од надвор.