Во писмото испратено до претседателот на Европскиот парламент, Линус Нордберг, шведски адвокат, програмер на Tor и претставник на членот на ЕДРИ (Асоцијација за дигитални слободи од Шведска – Föreningen för digitala fri- och rättigheter – DFRI) бара транспарентност и јасност на договорите за ACTA и итно и целосно објавување на релевантните документи во јавноста.

Нордберг смета дека Европскиот парламент (ЕП) објавува двосмислени пораки во врска со ACTA, играјќи „активна улога во прашањата за транспарентност поврзани со ACTA, барајќи објавување и објавувајќи документи, а во некои случаи и активно задржува информации од јавен карактер“.

DFRI сака ЕП да продолжи да покажува високи стандардни на транспарентност дури и по затворањето на досиејата за ACTA и бара целосно и јавно објавување на сите документи поврзани со договорот.

Писмото се повикува на забелешките испратени од ЕП до Европскиот суд на правдата и на прашањето поставено од Судот на правдата, исто така испратено до ЕП, како и на други документи „за кои не знаеме“.

Барањето следува по дејствијата најавени од американскиот претседател Обама во врска со трансатлантскиот договор за слободна трговија (TAFTA), заедничка американско-европска законодавна иницијатива која би можела да биде уште една верзија на ACTA која Европскиот парламент ја отфрли во јули 2012 година со огромно мнозинство, по големите јавни протести. Преговорите околу TAFTA ќе започнат оваа година.

„Благодарение на (ACTA), многумина од нас во земјите-членки на Европската унија утврдија дека Европскиот парламент немаше ниту волја ниту моќ да ги извести луѓето што всушност се загрозува со тоа законодавство, бидејќи на крајот тие ќе беа најпогодени“, изјави Нордберг за Inquirer.

Извор: ЕДРИ-грам „Total transparency on ACTA and TAFTA documents“ бр. 11.5, 13 март, 2013.