Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување – и менување на светот преку – интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интересни и љубезни и кои би сакале да и се приклучат на неговата неверојатна заедница во Кембриџ ова лето на 10 недели заедничко истражување и споделување.
Придонесот на практикантите е од огромно значење за работата и успехот на Центарот, тие спроведуваат самостојни истражувања и истражувања по пат на соработка под водство на персоналот на Беркман, неговите стипендисти и факултетот. Конкретните улоги, задачи и искуства варираат во зависност од потребите на Центарот и вештините на практикантите.
Студентите доаѓаат од универзитети низ целиот свет за да работат на прашања поврзани со суштината на истражувачката агенда на Беркман, како што се правото, технологијата, иновациите и знаењето, врската меѓу интернетот и граѓанското делување; и меѓу интернетот и технологијата, законите и развојот.
Вообичаено, обемот на работа на секој практикант првенствено се заснова во еден или повеќе проекти, со поттикнување и флексибилност да се вклучат во дополнителни проекти на Центарот.
Информации за летната програма, погодните кандидати како и врски до процедурите за аплицирање се достапни овде.
Крајниот рок за пријавување за летната програма за практиканти е недела, 12 февруари, 2012 г. 11:59 (источно време).



