Резултатите од петтите по ред Big Brother награди беа објавени на свеченоста во Прашкиот театар Na Pradle на 12 ноември, 2009 година. Експертското жири ги избра победниците од речиси 80-те номинирани од јавноста.
Меѓу добитниците на наградите се чешкото Министерство за образование, млади и спорт поради собирање информации за учениците и студентите, компанијата Nokia поради нејзините заложби да се легализира „душкањето“ во имејл комуникацијата на своите вработени, веб-сајтот за социјално вмрежување Фејсбук поради неговиот неконзистентен пристап кон заштитата на приватноста на корисниците, чешкото Министерство за здравство, Државниот завод за контрола на лекови и Националните здравствени регистри, или францускиот закон „ХАДОПИ“, наречен „електронска гилотина“.
Наградата „Изјава на годината“ му беше доделена на генералниот директор на државната лотарија Sazka, поради тоа што барал слот-машините да бидат опремени со скенери на лични карти. Според него, со тоа би се спречило луѓето кои примаат социјална помош да се коцкаат.
Позитивната награда им беше доделена на граѓаните на Иран поради бојкотирањето на телефоните произведени од Nokia Siemens, затоа што оваа компанија на Владата на Иран и продаде телекомуникациски систем за надгледување.
Првата церемонија во Чешка се одржа во 2005 година. Како и претходните години, има осум категории – Долгорочно нарушување на човековата приватност (за компаниите и јавните организации), Најголемо нарушување извршено од компанија, Најголемото нарушување на приватноста од страна на владина агенција, Опасна нова технологија, Законот Big Brother, „Душкање“ меѓу нации, Изјавата на Big Brother и конечно позитивната награда за Постигнувања во областа на заштитата на приватноста.
Чешките награди ги организира членот на ЕДРи, Iuridicum Remedium.
Извор: ЕДРИ-грам “Czech Big Brother Awards 2009” бр. 7.23, 2 декември 2009.



