Силите ќе ги одмерат најдобриот британски шахист, велемајсторот Мајкл Адамс, и кластерот суперкомпјутери Хидра

Уште еден двобој меѓу човекот и машината. Овој пат силите ќе ги одмерат најдобриот британски шахист, велемајсторот Мајкл Адамс, и кластерот суперкомпјутери Хидра (Hydra) кој се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати. Додека се игра мечот Адамс ќе биде сместен во Вембли, а неговиот противник во Абу Даби. Ќе се играат шест партии, а победникот ќе добие 150.000 долари.

По две одиграни партии резултатот е 1½:½ за Хидра.

Хидра е кластер од 64 поврзани копмјутери кои функционираат како еден.  Секој компјутер има процесор Intel Xeon 3.06 Ghz. Хидра може да процесира 200 милиони потези во секунда.

Повеќе информации за мечот, а и за Хидра можете да најдете на официјалниот веб-сајт.