Германскиот радио презентер Јирген Домиан го обвини Фејсбук за цензура откако некои од неговите објави во кои изнесе одредени забелешки за новиот папа беа избришани од друштвената мрежа без предупредување.

Домиан смета дека Фејсбук ги отстранил објавите откако добил жалби од корисници-католици. „Јасно е дека поддржувачи фанатици на Католичката црква енергично протестирале за Фејсбук да подлегне“ рече Домиан. Тој исто така изјави дека одговорните од друштвената мрежа го известиле дека неговите објавени мислења не биле во согласност со нивните правила за објавување.

Биле отстранети и други мислења на Домиан во кои тој дебатирал за хомосексуалните бракови и итната контрацепција за жртвите на силување.

Тој побарал од неговите фанови да ја споделат објавата во која ги разоткрива мерките на Фејсбук и веројатно како резултат на големиот одѕив (страницата им се допаднала на околу 15.000, а била споделена 20.000 пати), добил извинување од Фејсбук.

Сепак, портпаролката на Фејсбук го опиша отстранувањето само како „грешка на системот за пријавување“, коментирајќи понатаму: „Знаеме дека може да биде фрустрирачки кога се случува таква грешка, како и во овој случај. Извинете, Јирген Домиан!“

Извор: ЕДРИ-грам „Is Facebook applying censorship?“ бр. 11.6, 27 март, 2013.