Слободниот софтвер и стандардите со отворен код се неопходни во секаков обид за е-влада, се вели во новиот извештај подготвен под раководстство на данската влада.
Слободниот софтвер и стандардите со отворен код се неопходни во секаков обид за е-влада, се вели во новиот извештај подготвен под раководстство на данската влада.
Понатаму, во извештајот, се вели дека слободниот софтвер претставува сериозна алтернатива на лиценцираните производи, и треба да биде употребен како средство за зголемување на конкуренцијата на пазарите за софтвер.
Извештајот кој предизвика контроверзни реакции кoга беше објавен во Данска, на почеток на овој месец, деновиве беше објавен на англиски јазик од страна на Министерството за технологија на Данска.
Додека поголемиот број влади во Европа и пошироко го разгледуваат слободниот софтвер како начин за намалување на трошоците и стимулирање на развојот на софтвер во локални рамки, данската студија оди чекор понапред, тврдејќи дека поддршката на јавниот сектор за слободниот софтвер и стандардите со отворен код, можеби е неопходна за да се овозможат услови на нормална конкуренција на софтверскиот пазар.
„Слободниот софтвер претставува сериозна техничка и економска алтернатива на лиценцниот софтвер-дури и таму каде што има лиценцирани индустриски стандарди“- се вели во извештајот.
Лиценците на слободниот софтвер му овозможуваат секому да го менува и да го редистрибуира изворниот код на апликацијата, што значи дека контролата на равојот на софтверот не е во рацете на само една организација.