Клуб на пратеници – Скопje на ден 11.11.2003 (вторник) во 18:30 часот
На 11.11.2003 година, во Клубот на пратеници – Скопје, се одржа јавна дебата на теза „Владата на Република Македонија треба да потпише стратешки договор со компанијата Мајкрософт“. Целта на оваа дебата беше да започнат и да се поттикнат јавните разговори околу оваа значајна тема. Дебатери на тезата беа студенти од организацијата Младински образовен форум кои претходните недели вршеа истражувања на темата, контактирајќи со Владата на Република Македонија, корпорацијата „Мајкрософт“, организацијата „Слободен софтвер“, други поединци и организации како и истражувања во странските држави, како тие го решиле ова прашање.
Јавната дебата се одржа во форма на Американска Парламентарна Дебата со два тима: Афирмативен и Негативен кои заземаа соодветна страна кон тезата за Договорот на Владата со Мајкрософт. Оваа форма на дебатирање предвидува наизменични говори на дебатерите од двете страни во кои ги изнесуваат своите аргументи и информации добиени со опсежни истражување за дадената теза. Учесниците кои дебатираа не беа стручни лица на темата.
Формата за дебата беше прилагодлива за отворена дискусија со публиката и во тој дел имаше активно учество на стручни лица и други заинтересирани лица кои беа гледачИ на дебатата.
Од оваа продуктивна дискусија од дебатерите на МОФ и од гледачите произлегоа бројни аргументи на афирмативната и негативната страна. Меѓу нив најиздржани и најспоменувани аргументи беа:
– На страна на поддршка на договорот на Владата со Мајкрософт се спомна, Обврска на РМ да го применува Законот за Авторско право и индустриска сопственост во согласност со определбата за ЕУ интеграција, а со тоа и легализација на сите софтвери во Јавната Администрација. Како најповолна можност за оваа легализација се гледа во Мајкрософт зашто веќе има Владата Мајкрософт софтвери и полесно ќе се адаптира администрацијата. За возврат Мајкрософт ќе направи локализација на софтверот во Македонија, ќе го преведе софтверот на македонски јазик, ќе направи тренинзи за Јавната администрација и директни инвестиции во образованието преку поволна понуда за македонските училишта. Како последен дел од афирмативниот случај беше понудено да Мајкрософт го прави проектот Е-Влада кој мора да го има секоја држава која претендира за влез во ЕУ.
– На страна на Негативниот тим се постави алтернатива на Мајкрософт која би била Линукс, Слободен софтвер. Како предности на оваа опција за Македонија се наведоа, ефтини цени и фер игра (некомерцијална филозофија). Потоа беше спомнат веќе преведениот софтвер на македонски јазик. Безбедноста на информациите во овој отворен код е поголем многу повеќе отколку на Мајкрософт што е клучна за
Државните институции. Сите прокети кои беа спомнати (Е-Влада, Образование и сл) може поповолно да се изведат со слободен софтвер. Како доказ повеќе се спомна тенденцијата на многу држави на напуштање на Мајкрософт како државен софтвер.
Со овие агрументи се постигна нашата цел да се отвори продуктивна и отворена дискусија за ова важно прашање.