Коалицијата јавен глас, во којашто членува и ЕДРи, собра речиси двесте експерти и застапници за приватност, како и владини претставници од целиот свет на настанот за граѓанско општество во Мадрид со назив „Глобални стандарди за приватност за глобален свет“.

Одржан заедно со годишниот состанок на Комесарите за заштита на приватност и податоци, настанот се пренесуваше преку интернет, блоговите и твитер со цел да биде достапен за секој корисник на интернет заинтересиран за теми од областа на приватноста.

Конференцијата имаше 5 различни сесии, а воведното и завршно излагање им го имаа г. Ставрос Ламбринидис, потпретседател на Европскиот парламент и г. Питер Хастинкс, Европскиот супервизор за заштита на податоци (Холандија).

За време на првата сесија „Приватноста и човековите права: преглед на годината“ беа презентирани неколку прашања од областа на приватноста во 2009 г. од различни делови на светот. Европскиот статус беше претставен од Мерјем Мерзуки од ИРИС, членот на ЕДРИ од Франција кој ги истакна новите опасности поради Стокхолмската програма или различните полициски бази на податоци со високо ниво на нарушување на приватноста. Имаше особен интерес од публиката за статусот на EDVIGE 2.0. Мерјем потврди дека граѓанското општество ќе реагира на новото полициско досие, додека Питер Шар подвлече дека „Edvige за нас е хорор база на податоци, затоа што во неа се вклучени многу лица кои не прекршиле никакви закони – тие се само „ризични лица“.

Последниот извештај за приватност и човекови права кој покрива 80 земји беше објавен во оваа прилика од г-а Катица Родригез, од Центарот за информации за електронска приватност.

Втората сесија – „Активизам за приватност: Големи кампањи“ започна со енергична презентација од членот на ЕДРИ г. Ралф Бендрат кој објасни што е Активизам за приватност 2.0. Мешањето на отворени структури, вирусен маркетинг, поп култура и прашања од областа на приватноста со доволна доза на забава, беше совршениот рецепт за најголемите кампањи – најголемата демонстрација кога и да било против надзорот во Германија позната во целиот свет како Слобода наместо страв. Г-а Вилемием Бакс од Потрошувачката организација BEUC ги истакна постапките на потрошувачите за заштитата на нивните дигитални права, додека Дејвид Родригез претстави креативна локална кампања против CCTV во соседството на Лавапиес, Мадрид.

„Вашите податоци во облакот: Што ако врне?“ беше инспиративниот наслов на третата сесија. Претседателот на ЕДРИ Андреас Криш истакна со помош на слика од компјутерите во шеесеттите и седумдесеттите дека новите технолошки моменти не менуваат толку многу и дека треба посериозно да се осврнеме на сигурносните аспекти на клауд компјутинг. Тој предложи следните идеи да бидат вклучени во глобалните стандарди за приватност во клауд компјутингот: известувања за пробиени податоци, минимизирање на податоците како и одговорност за ИТ инфраструктурите на пазарот.

Навлегувајќи уште повеќе во прашањата за глобалната приватност, имаше дискусии за прекуграничните токови на податоци. г. Идн Кац од ЕФФ ги претстави вистинските проблеми на спогодбата за приватност меѓу САД и ЕУ, вклучувајќи го фактот дека со таа спогодба не се опфатени непрофитните организации, затоа што надгледувањето на FTC во САД се однесува само на компаниите.

Гас Хосеин од Privacy International изјави дека треба да прекинеме да ги користиме прекуграничните токови на податоци како тројански коњ за да бараме законодавство за заштита на податоците во земјите во развој. Тој инсистираше дека само поседувањето на актот за заштита на податоци не е доволно и дека треба да се фокусираме на изградбата на капацитетите на овие земји.

На последната сесија беше претставена декларацијата за граѓанско општество: „Глобални стандарди за приватност за глобален свет“, со другите претставници на последниот панел, (г-а Џенифер Стодарт, Комесарот за приватност на Канада, г. Џејкоб Констам, од Работната група за член 29 и г. Рафаел Гарсија Гозало од шпанската DPA) отворено поддржувајќи ја декларацијата.

Live blogging from the event
http://edri.blogactiv.eu/

Madrid anti-CCTV campaign (only on Spanish)
http://unbarriofeliz.wordpress.com/

Global Privacy Standards for a Global World -The Civil Society Madrid Declaration (3.11.2009)
http://bit.ly/IVO1m

Event’s programme (3.11.2009)
http://thepublicvoice.org/events/madrid09/

Tweeting on the event
http://twitter.com/#search?q=%23globalprivacy

Stavros Lambrinidis speech – video (3.11.2009)
http://bitacora.palomallaneza.com/2009/11/03/stravos-lambrinis-en-tpv/

Andreas Krisch – Data protection in the cloud (3.11.2009)
http://www.edri.org/files/akrisch_TPV_CloudPrivacy_20091103.pdf

Meryem Merzouki – Privacy issues with EU Law Enforcement Cooperation Developments(3.11.2009)
http://www.edri.org/files/Presentation_Meryem_EDRi_civil_society.pdf

Извор: ЕДРИ-грам “Declaration on Global Privacy Standards” бр. 7.21, 4 ноември, 2009.