Од 9 до 26 февруари, ЕУ Инфоцентарот на Делегацијата на Европската унија организира серија настани во рамки на „Деновите на информатичко општество“, чијашто цел е подигнување на свеста за политиките и активностите на ЕУ во оваа област.
Настаните се во врска со побезбедното користење на интернет, со иницијативите за дигитализација на културното наследство, создавањето на дигитални библиотеки, како и промоцијата на ИКТ истражувањата поддржани од Европската унија.
Денот на побезбеден интернет (9 февруари), беше одбележан со предавање за учениците од основните училишта.
Други настани:
- „Размисли пред да постираш“ – интерактивно предавање за ученици во ЕУ Инфоцентарот од страна на Метаморфозис и на Дирекцијата за заштита на лични податоци, од 9:30 до 10:30 часот на 9 февруари.
- Јавна расправа на тема „Побезбеден интернет“ во Собранието на Република Македонија во организација на Делегацијата на Собранието на РМ во Мешовитиот парламентарен комитет-РМ и ЕУ, од 11 до 13:30 часот, на 9 февруари.
- Форум за безбедност на децата на интернет на Мајкрософт, од 11 до 13 ч. на 10 февруари во хотел Холидеј ин.
- Панел дискусија „Дигиталните библиотеки на ЕУ – иницијатива и локални перспективи за подготовка на дигитални копии од културното наследство (11 февруари).
- Презентација на успешни приказни и панел дискусија „Улогата на ЕУ во промовирањето на ИКТ истражување и можностите за локално ИКТ истражување во рамките на Седмата рамковна програма на ЕУ (16 февруари).
- Изложба со наслов „Европа и Европејците во дигиталната ера“ (ЕУ Инфоцентар, во текот на периодот 9-26 февруари)
Информатичко-комуникациските технологии се сметаат за клучни во придонесувањето за економскиот раст и создавањето нови работни места во Европската унија и играат клучна улога во помагањето на економијата на ЕУ за излез од тековната рецесија.