Дигитално раскажување приказни

„Дигиталното“ раскажување приказни се однесува на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната.

Преку дигиталното раскажување на приказни им се овозможува на луѓето, кои немаат техничко познавање, со користење на информациско-комуникациски технологии да создадат видео со кое ќе ја прикажат своја приказна . Најчесто производот е 2-5 минутен филм кој е комбинација од наративен дел од лична приказна, проследен со фотографии и музика.

Процесот на креирање на дигитална приказна е составен од неколку чекори:

Чекор 1: Планирање на приказната
Првиот чекор се состои од избор на приказна која сакате да ја раскажете. Приказната треба да биле лично искуство коe ќе го споделите со другите и индиректно ќе им овозможите да ги доживеат работите кои ви се имаат случено вам. Добра приказна, кај гледачот предизвикува драматичен ефект, го насмејува, предизвикува страв, а е вистински погодок ако гледачот се пронајде во приказната.

Чекор 2: Пишување на сценариото
Вториот чекор се состои од финализирање на приказната, пишување на сценариото кое ќе биде нарација за приказната и почетната точка за дигиталната приказна.

Чекор 3: Креирање аудио од сценариото
Откако сценариото е напишано, потребно е креаторот да сними аудио во кое ќе ја чита финализираната приказна. Овие записи ќе бидат основа на приказната. Алатката која се користи за овој чекор е Аудасити (Audacity), апликација која е слободен софтвер и се користи за аудио обработка.

Чекор 4: Градење на приказната
По завршување на приказната и нарацијата, треба да се испланираат фотографиите кои ќе се појават во видеото. Фотографиите кои ќе се изберат не мора да бидат буквално она за што се зборува, може да се користи било каква илустрација за приказната. Избраните фотографии пред да се вметнат во видеото за приказната се обработуваат во апликацијата Гимп (Gimp).

Чекор 5: Изработка на видеото
Овој чекор побарува најмногу техничко познавање. Во него се импортираат сите графики и звуци во апликација за обработка на видео и се започнува со креирање на видеото за приказната. Во апликацијата се подредуваат сите графики во согласност со нарацијата, се додаваат ефекти и транзиции. Апликациите кои се користат за видео обработка се тешки за употреба од страна на корисник кој нема доволни технички познавања, па затоа апликациите кои се слободен софтвер  не се користат во овој дел. Се преферира користење на едноставни алатки како Виндоус Муви Мејкер (Windows Movie Maker) или пак Адоб Премиер Елементс (Adobe Premier Elements). Како варијанта која може да се користи на оперативниот систем Линукс е апликацијата Синерела (Cinelerra) .

Чекор 6: Завршување на видеото и негово споделување
По завршување на видеото, тоа се експортира и е подготвено за споделување. Често креаторите на дигиталните приказни не сакаат да ги споделат своите приказни онлајн или пак одлучуваат да го направат тоа под некој псевдоним. Постојат неколку специјализирани сајтови за споделување на дигитални приказни, а меѓу нив се Центарот за дигитални приказни и СториБокс.

Неодамна во Сараево се одржа обука за дигитално раскажување на приказни, во која учесниците беа оспособени за држење обука од овој тип. Фондацијата Метаморфозис учествуваше во оваа обука со две свои претставнички: Ирина Шумадиева и Елена Игнатова. Во иднина фондацијата Метаморфозис планира одржување на обуки во овој тип и нивно вклучување во своите идни активности.

Елена Игнатова

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Дигитално

раскажување

приказни

Останати блог текстови

"Недостатокот на интероперабилност помеѓу институциите во РСМ им зема на граѓаните по 300 денари [инфографик]" – Мета.мк Новинска агенција

20.06.2022

Архивска фотографија | Фото: Влада на РСМ И покрај тоа што во Северна Македонија постои Платформа за интероперабилност или интерконекција, според која државните органи, институциите и деловните компании треба да разменуваат податоци меѓу нив, тоа во пракса функционира делумно. Менувањето на имињата на улиците, со неажурирањето на регистрите им предизвикува дополнителни главоболки на граѓаните, при […]

Алити: Наш приоритет е реформа на администрацијата и дигитализација на услугите во РСМ

03.05.2022

Фото: Порталб.мк Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, во интервју за Порталб.мк, зборува за процесот на реформа на јавната администрација во Северна Македонија. Вели дека главен приоритет како министерство е дигитализацијата на услугите но и донесување на некои закони кои ќе овозможат поефикасна реорганизација на администрацијата. Што се случува со процесот на реорганизација […]

Хорор на пропагандата или кога мртвите стануваат

27.04.2022

Дезинформациите за руската воена инвазија на Украина доведоа до такви поделби на населението во Македонија, особено на оние што се информираат главно од социјалните мрежи, што сега се води онлајн дебата околу тоа дали навистина таму има војна и страдаат цивили или станува збор за холивудска продукција со цел да се уништи Русија. Во време […]

Лекции од Естонија: Од сиромашна посткомунистичка држава до дигитален рај

26.04.2022

Талин, Естонија. Фото: Порталб.мк Естонија е земја која докажува дека дигитализацијата го подобрува квалитетот на животот на нејзините граѓани. Илјадници услуги, главно административни, Естонците ги вршат со неколку кликови од дома, а пак чекањето ред пред шалтерите е дел од некоја далечна историја, пишува Порталб.мк. Оваа балтичка земја со 1,3 милиони жители, во последните 25 […]

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

18.04.2022

Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк На годинешната конференција „Дисикон – Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот на информациите и изборниот интегритет се […]

"Користењето на некои електронски услуги е зголемено, но е далеку од посакуваното ниво"- Мета.мк новинска агенција

28.03.2022

Извор: Порталб.мк Употребата на одредени електронски услуги во текот на 2021 година, во однос на периодот 2019/20 година бележи благ пораст. Ова го покажуваат податоците што ги обезбеди ИЦЕДА (ICEDA) во соработка со Порталб.мк, споредувајќи ги со податоците од прелиминарното истражување, кога истите електронски услуги се користеле помалку. Сепак, зголемувањето е сé уште далеку од […]