На 10 февруари, 2009 г., Европскиот суд на правдата (ЕСП) донесе одлука дека директивата за задржување на податоци била правилно усвоена врз основа на Спогодбата на Европската заедница бидејќи истата претежно се однесува на функционирањето на внатрешниот пазар.

Ова беше заклучокот на судот во врска со тужбата што Ирска, поддржана од Словачка, ја поднесе против Европскиот парламент барајќи од Судот на правдата да ја поништи директивата поради несоодветна правна основа. Ирска образложи дека директивата не би можела да се заснова на чл. 95 од Спогодбата на ЕЗ бидејќи нејзиниот „центар на гравитација“ не го засега функционирањето на внатрешниот пазар туку истрагата, откривањето и судењето на криминалот, и дека мерките од ваков вид би требало да се усвојуваат врз основа на членовите од Спогодбата на ЕЗ во врска со полициската и судската соработка на криминални прашања.

Судот донесе заклучок дека е потребно директивата да се усвои врз основа на чл. 95 од Спогодбата на ЕЗ. Судот исто така нагласи дека директивата за задржување на податоците ги променила одредбите на директивата за заштита на приватноста во секторот за електронски комуникации, која и самата се заснова на чл. 95 од Спогодбата на ЕЗ. Истовремено, судот заклучи дека одредбите на директивата се суштински ограничени на активности на давателите на услуги и не управуваат со пристапот до податоци или нивната употреба од полициските или судските власти на земјите членки. Мерките што произлегуваат од директивата, сами по себе, не предвидуваат интервенција на полицијата или полициските агенции на земјите-членки.

Но судот не се справи со комплицираното прашање на приватноста затоа што „постапката покрената од Ирска се однесува само на изборот на правна основа а не на некое можно прекршување на основните права што произлегува од попречувањето со практикувањето на правото на приватност содржано во Директивата 2006/24.“

Ова исто така значи дека Судот може во иднина да добие случај од некој државен суд базиран на прекршувањето на приватноста со Директивата за задржување на податоци,. Таков случај би можел да биде случајот започнат од страна на членот на ЕДРИ- Дигитални права Ирска или Германскиот уставен случај инициран од германската работна група за задржување на податоците.

Работната група веќе изјави, по одлуката на Европскиот суд на правдата, дека тие остануваат уверени дека какво било идно дејство базирано на прашања од областа на приватноста ќе биде успешно: Пресудата ја засегнува единствено формалната материја на соодветната правна основа и не се осврнува на прекршувањето на човековите права со следењето на однесувањето и движењата во телекомуникациите на целото население“, коментираше Вернер Халсман од работната група. „34.000 тужители против задржувањето на податоците преку Германскиот уставен суд побараа поединечна пресуда од Европскиот суд на правдата околу компатибилноста на задржувањето на податоците со човековите права“.

Case Ireland vs European Parliament (10.02.2009)
http://curia.europa.eu/jurisp/cgi-bin/form.pl?lang=EN&Submit=reche…

The data retention directive is founded on an appropriate legal basis (10.02.2009)
http://curia.europa.eu/en/actu/communiques/cp09/aff/cp090011en.pdf

After ruling on data retention: activists remain confident (10.02.2009)
http://www.vorratsdatenspeicherung.de/content/view/298/1/lang,en/

 

Извор: ЕДРИ-грам “Data retention directive has the correct legal basis” бр. 7.3, 11 февруари, 2009.