е-Инклузивност: Предлог-стандарди на Метаморфозис за е-точки
Стандарди за просторијата:
1. Соодветно осветлена просторија
2. Чиста просторија (хигиеничар кој ќе ја одржува просторијата минимум два пати неделно)
3. Да има корпа за отпадоци
4. Локацијата да биде на лесно достапно место
5. Соодветно обележување
да има патоказ (оддалечен минимум 50 метри од просторијата)
да има истакнато фирма (минимум метар на 50 сантиметри)
да има натписи внатре во самите простори
6. Адаптиран влез за луѓе со посебни потреби
7. Да има истакнато ценовник
8. Да има санитарен јазол
9. Соодветно климатизирана просторија
10. Да биде истакнат сертификатот со стандардите за е-точка
Стандарди за опремата:
1. Брзина на интернет пристап минимум 64 kbps
2. Минимум четири компјутери поврзани во мрежа
3. Еден печатач
4. Еден скенер
5. Интернет пристап на сите компјутери
6. Еден јавно објавен телефонски број
7. Лиценциран софтвер
8. Времето што корисникот го користи за пристап до е-услугите на јавната администрација да не се наплатува
9. Да имаат уред за непрекинато напојување
Стандарди за вработените:
1. Минимум едно лице присутно во просториите на 10 компјутери
2. Вработените да бидат обучени да им помагаат на корисниците во користење на услугите
Други стандарди:
1. Софтвер за луѓе со оштетен вид
2. Работно време:
е-точката треба да биде отворена минимум осум саати во текот на еден работен ден
барем четири саати да се поклопи работното време на е-точката со работното време на јавната администрација
3. Вработени обучени за работа со луѓе со посебни потреби
Назад кон програмата е-Инклузивност
Сподели: