АДО, ВИ и човекови права: дали вашиот алгоритам ја почитува приватноста?

Што имаат заедничко камерите за мерење на брзината на автопат, царинските и граничните контроли и е-набавката на училишниот инвентар? Сите тие користат некоја форма на процесот на автоматско донесување одлуки (АДО).

Иако АДО не е популарен термин како што е вештачка интелигенција, тој постои веќе некое време. Во минатото, АДО беше ограничен на „филтрирање“, „сортирање“ или други видови на манипулација со податоци, чии резултати потоа беа доставени до донесувачот на одлуки – вистинско човечко суштество кое требаше да ја донесе конечната одлука.

Сепак, со напредокот на технологијата, како и со потребата да се спречи корупцијата и да се ограничи човечкиот елемент во донесувањето одлуки (во многу случаи), се користи полноправно решение за вештачка интелигенција, кое се разликува од АДО на два начина: А) системот „учи“ и се подобрува во извршувањето на својата работа (оттука доаѓа називот интелигенција), и Б) системот донесува одлуки.

Во извесна смисла, алгоритмите ќе продолжат да имаат влијание врз благосостојбата на граѓаните, но дали тие ги земаат предвид нивните вродени човекови права? Каде се граѓанските организации, медиумите и универзитетите во дискусијата за имплементација на пософистицирани технолошки решенија и зошто тие бегаат од дискусија?

На вториот ден од конференцијата е-Општество 2021 година „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, ќе разговараме за зголемениот тренд на користењето на АДО и ВИ во јавниот сервис во последниве години (наречени алГОВритми, алудирајќи на владината употреба) и нивниот ефект врз човековите права. Говорниците ќе ги презентираат своите најнови наоди и препораки и ќе се обидат да ги поттикнат ГО и другите активно да се вклучат во оваа тема.

Регистрацијата за конференцијата е отворена и ги охрабруваме сите да го споделат овој повик со своите колеги: придружете ни се и ајде да разговараме за човековите права и вештачката интелигенција!

Сподели:

31670
meta tim sliki-02.jpg

Goce

Arsovski

Programme Support Officer, Metamorphosis Foundation

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]