Четиринаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата ќе се одржи на 11 декември во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 10:00 до 16:00 ч., а темата ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“.
На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и регионот, со крајна цел да придонесат во дефинирањето на приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентност и отчетност.
Сите заинтересирани можат да ја погледнат нацрт-агендата и да присуствуваат на конференцијата преку регистрација на официјалната веб-страница: e-society.mk најдоцна до понеделник, 10 декември 2018 г., 12:00 часот.
Официјални јазици на кои што ќе се говори на конференцијата ќе бидат: македонски, албански и англиски. За сите три ќе биде обезбеден симултан превод.
За дополнителни информации тимот на Метаморфозис ви стои на располагање преку е-пошта (contact@e-society.org.mk) или на телефон 02/3109 325.