Меѓународната конференција е-Општество.Мк на тема „Слобода и приватност на Интернет“

11.12.2015

Година : 2015

Меѓународната конференција е-Општество.Мк на тема „Слобода и приватност на Интернет“ организирана од Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, ќе се одржи на 10 декември 2015 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Ова е 11-та по ред конференција за е-општество, а темата на оваа конференција е „Слобода и приватност на Интернет“.

Конференцијата ќе опфати теми како што се човековите права – основите на современото општество, слободата на изразување, говорот на омраза преку Интернет и приватноста. Конференцијата ќе опфати и неколку работилници.