Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)

Logo_MEKПроектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)“ беше финасиран од Европската унија и организациите кои го спроведуваа: Фондацијата Метаморфозис во партнерство со здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедниците „Заеднички вредности“ од Скопје.

Проектот го зголеми капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) во четири мултиетнички пилот-општини – Дебар, Гостивар, Чаир и Тетово – преку обуки, техничка помош, обезбедување опрема и софтвер и спроведување на јавни настани.

Проектот значително придонесе за зголемување на видливоста на КОЗ и проширување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалната самоуправа, како предуслов за подобрување на управувањето со меѓуетничките односи во пилот заедниците и развојот на демократијата врз основа на европските вредности на толеранција и диверзитет.

Создадените ресурси и релевантни искуства беа ставени на располагање на КОЗ во другите локални заедници во земјата и на располагање на јавноста, како на пр. печатените материјали и содржините за е-учење, овозможувајќи умножување и понатамошно ширење на знаењето и вештините.

Целта на проектот беше подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на институциите на системот, со цел зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Во конкретните цели на проектот спаѓаа подобрувањето на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.

Следниве конкретни области беа опфатени преку:

  • Креирање комуникациска платформа за КОЗ – внатрешно меѓу сегашните членови, меѓу КОЗ од различни општини, како и со граѓаните; заедно со процедури и практики за користење на оваа платформа (онлајн систем за информации) и дополнителни офлајн активности.
  • Помагање на воспоставувањето на институционална меморија за КОЗ, преку архива на случаи и одлуки, како и инструкции и упатства во врска со правата и обврските на КОЗ, достапни и за општинската администрација и граѓаните воопшто.
  • Платформата се користеше во 4 пилот општини, но беше достапна за сите други општини, за време и по завршувањето на проектот, обезбедувајќи одржливост и ефект на умножување.

Можни засегнати страни опфатени со проектот беа: директните корисници од четирите пилот-општини опфатени со обуки и други директни интервенции: Членовите на КОЗ; општинската администрација (градоначалници, претседатели на општински совети и водечки членови, општинскиот персонал); локалните новинари, претставниците на локалните невладини организации кои се занимаваат со меѓуетнички прашања, децентрализација, или владеење.  Дополнително, во засегнатите страни спаѓаат политичките партии и централната власт. Локалните граѓани и групи се исто така релевантни чинители во проектот.

Покрај тоа, различните категории на директни и индиректни корисници исто така беа засегнати страни, како на пример:

  • други корисници од четирите пилот-општини – вклучени преку покани на јавни настани кои се одржуваа во нивните локални заедници:
  • истакнати членови на заедницата (интелектуалци и едукатори, верски лидери, угледни бизнисмени) и сите граѓани поканети да учествуваат преку
  • соопштенија во локалните медиуми, плакати, општинските веб-сајтови, преку Информацискиот систем и преку сите други средства на располагање на проектниот тим;
  • индиректни корисници избрани за распространување на резултатите и искуствата од проектот преку интернет, преку конференциите за медиуми и други јавни настани, а особено на завршната конференција:
  • членови на КОЗ од другите општини, кои мораа (вкупно 21) да имаат воспоставено или веќе имаа доброволно воспоставено КОЗ (вкупно 3 досега), како и градоначалниците и други водечки членови на заедницата.
  • носителите на одлуки на национално ниво (пратеници, ЗЕЛС, НАЛАС, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за локална самоуправа, Министерството за информатичко општество, итн.)
  • креатори на мислења на национално ниво
  • меѓународни субјекти заинтересирани за Македонија или за прашања опфатени со проектот

Главните компоненти на проектот беа:

  • Зајакнување на капацитетот на КОЗ преку обуки техничка помош и развој на (дигиталната) инфраструктура со цел создавање услови за лесна, модерна комуникација меѓу граѓаните и КОЗ.
  • Застапување со цел промовирање на  видливоста на зајакнатите и опремени КОЗ, запознавање на  граѓаните со работата на  КОЗ и нивно охрабрување за обраќање до КОЗ за прашања од значење за меѓуетничките односи во нивните заедници

Проектот ги имаше следниве задачи:

  • зголемување на  пристапноста на граѓанинот до надлежниот орган на локалната администрација преку дигитализацијата како средство за олеснета, модерна форма на комуникација;
  • подобрување на транспарентноста: релевантните информации беа јавно објавени и лесно пристапни за граѓанинот;
  • создавањето на дигиталната платформа за целосно следење на современиот концепт за е-демократија: платформата е дизајнирана да биде електронски столб на системот за управување со меѓуетничките односи на ниво што е најблиску до граѓанинот (принцип на супсидијарност);
  • едукација на  членовите на КОЗ околу основите на заштитата на малцинските права и управувањето со диверзитет и
  • вклучување на граѓаните во поголема мера во новите, дигитализирани КОЗ

Времетраењето на проектот беше 15 месеци, од 22 декември 2009 до 21 март 2011 г.
Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 82,000.00 евра.

Преземете ги следниве публикации издадени во рамките на проектот МЕК:

Назад кон Добро владеење

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Модел

за

ефикасна

комуникација

меѓу

Комисиите

за

односи

со

заедниците

и

граѓаните

(МЕК)