Е-содржините – Шанса за промоција на Македонија
Филип Стојановски
Наградата на Светскиот самит (НСС) е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобри е-содржини, која почна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години. Во активноста спаѓаат и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на е-содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.
Наградата на Светскиот самит е проект што поканува на учество и глобален центар за сите, кој го гледа клучното значење на креирање одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит.
Целта на оваа иницијатива е надминување на дигиталниот јаз (неможност на пристап до придобивките од новите технологии), кој се пројавува и како содржински јаз (недостиг од квалитетни содржини, кои можат да им го променат животот на подобро). Преку избирање, презентирање и промовирање на најдобрите производи од целиот свет од областа на е-содржини, Наградата на Светскиот самит придонесува за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз.
НСС го става фокусот на решенија што ги промовираат културниот идентитет и диверзитет на државите-учеснички, истовремено се бараат мултимедијални проекти, кои на креативен начин ги користат предностите на дигиталните технологии.
Пријавувањето проекти се врши преку националните организатори, кои примаат пријави од производители на е-содржини до определен датум. Потоа национално жири одбира по еден претставник на државата за секоја од категориите. Избраните национални претставници, со помош на националниот организатор, ги испраќаат своите производи до големото жири, кое од пристигнатите 1.344 предлози избира 40 – по пет во секоја категорија.
Победниците се стекнуваат со промоција на светско ниво, учество на низа настани, а преку нив се промовира и државата што ја претставуваат. На национално ниво, учеството во изборот придонесува за јавната перцепција на организациите како модерни, динамични и општествено одговорни компании, кои даваат свој активен придонес во процесот на трансформација на Македонија во општество базирано на знаења и информации.
Искуството од 2005 – Хрватска го собра кајмакот
Македонија првпат учествуваше во изборот за Наградата на Светскиот самит во 2005 година, кога во Тунис се одржа и втората фаза од самитот. Доделувањето на наградите на глобално ниво се одржа на гала-приредба во главната хала, со учество на членови на владите на земјите-добитнички и други дипломатски претставници.

За жал, и покрај сесрдните напори на тогашниот национален организатор, г. Љупчо Трајковски, во 2005 година ниеден од осумте македонски претставници не влезе во финалето.
За разлика од Македонија, Хрватска целосно ги искористи можностите што ги понудија овие два настана за промоција на државата како модерна, европски ориентирана економија, која со сопствени сили го издига и светскиот просек. Ова, пред се, се должи на проактивноста на политичкиот врв, а во комбинација со освојувањето две награди во финалето на наградата, за проектите Национален парк Копачки Рит и Фауна.
На хрватскиот претседател д-р Стјепан Месиќ му беше укажана чест да зборува прв во пленарниот дел на самитот, веднаш по генералниот секретар на ООН Кофи Анан. Месиќ учествуваше и на церемонијата на доделувањето на наградите, на дело покажувајќи ја посветеноста на изградбата на информатичко општество.
Како продолжение на искористувањето на процесот на наградите на Светскиот самит за потврдување на лидерските позиции на Хрватска, тие се понудија и ја добија честа оваа година кај нив да се одржи оценувањето на светско ниво. Веројатно Хрватска ќе биде домаќин и на доделувањето на наградите кон крајот на оваа година.
Од нашето пошироко соседство, покрај хрватските, добитник беше и романскиот проект Напредни објекти за е-учење. И други помали земји го издигнаа својот углед во светот на ИКТ преку освојувањето на наградата на Светскиот самит во 2005 година, меѓу другите Бахреин со апликацијата за е-визи и Женската порта, Ерменија со цеде за животот и делото на Арам Качатуриан, Тунис со сервисот за изпраќање телеграми преку веб или Гватемала со проектот за општествено вклучување.
Меѓу наградените беа и проекти од Холандија, Канада (3), САД (2), Франција (3), Австралија (2), Британија (4), Бразил, Ирска, Кина, Јапонија… заокружувајќи ја сликата за тоа кој е кој на полето на иновативен развој на е-решенија во светот.
Наградата за 2007 – шанса што не се пропушта
Годинава македонските фирми, универзитети и самостојни автори на е-содржини имаат шанса да ги промовираат своите дела и нашата севкупна заедница на едно ново ниво. Со тоа на најубав начин ќе го покажат за домашни потреби често фалениот потенцијал на нашата ИТ-индустрија, како и виталноста и креативноста на нашите човечки капацитети.
Наградата на Светскиот самит нуди можност и преку производи од сферата на културата да се промовираат и низа стопански гранки ориентирани кон странство, а на политичко ниво преку дела да се обезбеди афирмација на современиот македонски идентитет.
Дури и фирмите што до определениот термин (31 мај) не би биле заинтересирани да понудат сопствени производи, може да учествуваат во процесот на Наградата преку вклучување како спонзори и поддржувачи. Годинашниот организатор, фондацијата Метаморфозис, за зголемување на можностите за вклучување исто така ги покани и сопствениците на веб-сајтови да се пријават за поддршка, преку ставање линкови до веб-сајтот на Наградата на Светскиот самит за Македонија. За возврат ќе добијат линк од сајтот назад кон нивните сајтови, што ќе придонесе за издигнување на нивниот ранг на машините за пребарување, но пред се морална сатисфакција преку асоцирањето со оваа благородна иницијатива од висок јавен интерес.
По затворањето на конкурсот за учество, во текот на јуни е закажано оценување на пристигнатите предлози и избирање на македонските претставници за глобалниот избор. За таа цел е составено мултидисциплинарно жири, кое го сочинуваат експерти од области поврзани со развојот на информатичкото општество.
Во текот на летото, избраните проекти се подготвуваат и испраќаат до централата на НСС во Салцбург, по што следува глобалното оценување од големото жири, во текот на септември во Загреб. Наградените учествуваат и на официјалното доделување на наградите, а ако се проактивни и на сите други последователни настани.
Учеството во процесот на Наградата на Светскиот самит нуди голема можност за задоволување на потребата на Македонија да се брендира како средина што го поттикнува креативниот развој на индустријата за ИТ и информатичкото општество во целина. На индивидуалните фирми со квалитетни производи им обезбедува шанса за промоција и маркетинг на светско ниво. Проектот е од општа полза, оти сите граѓани имаат интерес за промоција на нашето заедничко културно наследство во светот.
е-Содржини + креативност = иновација и развој
Бардил Јашари, Националниот експерт за НСС, вели: „Градењето инклузивно информатичко општество не значи само обезбедување пристап до интернет. Тоа подразбира дека сите граѓани, каде и да живеат имаат пристап до дигитални содржини кои се локализирани, релевантни и употребливи. Така што, создавањето, дистрибуцијата и обезбедувањето пристап до оригинални, интересни, разновидни и локализирани содржини е битен чекор во напорите да се изгради инклузивно информатичко општество во Македонија.
Културното наследство, образовните и научните содржини се само дел од богатството што секоја земја го има и може да го направи достапно преку интернет со дигитализација. Технологијата тоа го овозможува, но содржината е таа што инспирира и води кон иновација и развој. НСС се обидува да го направи токму тоа-да поттикне креативност и да инспирира. Фокусот се става во содржината, односно во креативното и иновативното користење на новите технологии за промоција на содржини од културното богатство на секоја земја.“
Сподели:
Останати блог текстови
Неодамнешно гледиште во поглед на сајбербезбедноста во Западен Балкан: Како можеме да го подобриме нивото на сајбербезбедност во регионот?
24.02.2023
Дигитализацијата и сајбербезбедноста се некои од поактуелните теми во Западен Балкан (ЗБ). Целиот регион официјално ја покажа својата посветеност кон дигитализацијата како процес во 2018 година со преземање на Дигиталната агенда за Западен Балкан, директно поддржана од Европската комисија. Еден од четирите столба на Дигиталната агенда за Западен Балкан е зголемување на сајбербезбедноста, довербата и […]
Што е дигитален идентитет и зошто ни е потребен?
14.02.2023
Забрзаниот напредок на технологијата го истакна нејзиното огромно влијание врз нашиот секојдневен живот во смисла на обезбедување брзи решенија што се лесни за употреба во поглед на нашите потреби. Тој влијаеше и врз начинот на кој го гледаме светот и се развиваме како општество, но и како и поединци. Владите ги прифатија процесите на дигитализација […]
„Иднината на масовниот надзор во Србија? – Global Voices
09.02.2023
Од 2019 година, српските организации за дигитални права предупредуваат против системот за надзор. Фотографија на м-р Ана Тоскиќ-Цветиновиќ, обезбедена од авторот и одобрена за употреба. Оваа статија е напишана од Ана Тоскиќ–Цветиновиќ, извршен директор на граѓанската организација Партнери за демократски промени на Србија, член на мрежата за зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда (ICEDA). […]
Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди
03.02.2023
Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и […]
Грижи во поглед на приватноста во ек на дигитализацијата на Западен Балкан
18.01.2023
Дигитализацијата на јавните услуги е еден од приоритетите на земјите од Западен Балкан. Во периодот по КОВИД-19, станува уште поочигледно дека граѓаните, бизнисите и општеството треба да се дигитализираат за во целост да станат поотпорни и способни за справување со надворешни шокови и промени. Aлбанија е водечка земја во регионот кога станува збор за дигитализацијата […]
"Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните" - Новинска агенција Мета.мк
05.01.2023
Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva Предизвикот со кој продолжува да се соочува Северна Македонија се реформите во областа на дигитализацијата, поточно напредокот за да биде во чекор со најновите случувања за подобрување на животот на граѓаните, нудејќи им квалитетни, брзи и ефикасни услуги. Во време кога светот и западните земји секој ден се повеќе […]