Европската унија ќе обезбеди еден милион евра за реализација на проектот „Техничка помош на секторот за телекомуникации“.

Со проектот, кој ќе се реализира 18 месеци, се обезбедува техничка поддршка на Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за транспорт и врски за имплементација на Законот за електронски комуникации и соодветните подзаконски акти.

Извор: Утрински весник