ЕДРИ е еден од партнерите во новиот европски проект инициран од Француската лига за човекови права (LDH), кој има за цел да ја подигне свеста за аспектите на приватност, особено кај младата генерација.
Во проектот инициран од LDH и започнат на 1 јануари 2009, освен ЕДРИ, вклучени се и Европската мрежа за човекови права – Европското здружение за заштита на човековите права, Pangea (Шпанија) и Iuridicum Remedium (од Чешката Република). Проектот е финансиран од Европската комисија во рамките на програмата за фундаментални права и државјанство – транснационални проекти.
Овој проект има за цел да помогне на голема група млади луѓе, тинејџери и млади да станат повнимателни околу заштитата на нивните лични податоци.
Првиот состанок се одржа на 13-14 февруари, 2009 кога сите членови на проектот првпат се сретнаа за подобро да ги дефинираат двете главни цели:
а) Анализа и споредба на некои технологии кои ја загрозуваат приватноста во избраните земји, идентификацијата на добрите и најлошите практики, применливото законодавство и неговата имплементација, релевантни кампањи за свест.
б) Создавање на алатка за подигнување на свеста наменета за младите поединци што работат со чувствителни предмети во сите земји, кои не се доволно третирани или специфично наменети за ова целно население. Во овој случај нашата цел е да се влијае на овие практики и да се спротивставиме на тенденцијата „Немам што да кријам и затоа немам од што да се плашам“ со акцент на „зошто и како тие треба да внимаваат“.
Human Rights League France
http://www.ldh-france.org/
European Association for the Defense of Human Rights
http://www.aedh.eu/?lang=en
Pangea
http://www.pangea.org/
Iuridicum Remedium
http://www.iure.org



