Спикерот на Собранието Љупчо Јордановски ќе направи електронски парламент за да заштеди пари за хартија за копирање материјали

Спикерот на Собранието Љупчо Јордановски ќе направи електронски парламент за да заштеди пари за хартија за копирање материјали. Минатата година собраниската служба ископирала над три милиони страници, за што биле потрошени околу 3 милиони.

     -Ние за копирање трошиме околу 80 илјади евра. Ако поминеме на електронски парламент тоа значи дека сите тие податоци пратениците ќе ги имаат во електронска форма, а, исто така, би не чинело и поевтино оти нема да трошиме хартија за копирање- рече Јордановски.