За потребите на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2019-414-059, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис Скопје објавува Барање за доставување на понуди за набавка на услуги за Менторирање на ре-грантисти на тема “Дизајнирање на сервиси за дигитална трансформација”.

Фондацијата Метаморфозис од Скопје (Северна Македонија) во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора), Oтворени податоци Косово (Косово) и Levizja Mjaft! (Албанија), го реализираат проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија. Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.

Вкупното времетраење на проектот е 3 години, од февруари 2020 до јануари 2023 година.

Услови и критериуми за учество на повикот

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност:

  • Претходно искуство и познавање на темата;
  • Предност ќе имаат апликанти кои имаат директно искуство во дизајнирање на јавни е-услуги;
  • Предност ќе имаат апликанти со претходно искуство во менторирање или професионален ангажман за граѓански организации и/ или институции во Северна Македонија (најмалку 1 менторирање или професионален ангажман во последните 5 години);
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
  • Спремност за учество на онлајн состаноци.

Повеќе информации може да најдете во Инструкции за понудувачи (последна верзија 25.06.2021).

Понудата треба да содржи следните елементи:

а. Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1.
б. Документи за докажување на техничка и професионална способност:
i. Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач според образецот даден како Прилог 2.
ii. Изјава за прифаќање на условите на повикот даден како Прилог 3.
iii. CV/ резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во инструкциите за понудувачите. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти.

Начин на доставување на понудите

  • Понудите се доставуваат на македонски јазик.
  • Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса mila@metamorphosis.org.mk или по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ за Проект „ИЦЕДА“ – Конкурс за менторирање.
  • Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, потпишаните оригинали треба да бидат скенирани.

 

Краен рок за поднесување на понудите е 02.07.2021 година до 16:00 часот.————————————————————————————————————————————————————————————————–

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Сподели: